Насловна / Вести / Бројните брани, закана за животната средина на Балканот – синото срце на Европа

Бројните брани, закана за животната средина на Балканот – синото срце на Европа

Многуте планински вериги на Балканот, по кои и самиот полуостров го добил името (од турскиот збор balkan – шумовите планина), испресечени се со реки. Кристално чисти речни текови, водопади, длабоки кањони, диви реки и огромни наноси од чакал, се карактеристични за балканската речна мрежа. Токму од овие причини, многумина го сметаат Балканот за сино срце на Европа. Иако овие слатководни системи претставуваат „базен“ за 69 видови риби и над 40% од загрозените видови на полжави и други мекотели во Европа, сепак „синото срце на Балканот е во опасност од инфаркт“. Изградбата на хидроенергетските капацитети ширум Западен Балкан бележи пораст од 300%. Од Словенија и Хрватска, преку Србија, Црна Гора, Албанија и Романија, па до Македонија, Турција и Грција се планира изградба до скоро 2.800 брани.

Balkan rivers 1

Balkan rivers 2

Особено загрижува фактот што 37% од новоизградените брани се планираат во заштитени подрачја и национални паркови. Доколку плановите се реализираат, тие би станале опасност за планинските реки и за биодиверзитетот. Најголем удел во проектите во развој (91%) имаат оние со инсталиран капацитет под 10 (MW). Меѓутоа, нивната бројност според тврдењата на WWF, предизвикува „сериозни кумулативни дејства“. Останатите 9% од проектите со капацитет помеѓу 10 и 50 MW главно се градат во Албанија. Научниците ја опишуваат токму реката Вјоса во Албанија како единствен и исклучително динамичен „еко –рај“ за многу водни видови кои исчезнале од остатокот од Европа, па искажуваат загриженост за нивниот опстанок.  Од друга страна пак, министерот за енергетика на Албанија, изјавил за Guardian, дека проектите за изградба на хидроцентрали на Вјоса се базираат на најдобрите еколошки практики.

DCIM100MEDIADJI_0091.JPG

Испрати коментар

Scroll To Top