Насловна / Вести / Бесплатна обука за геодупчач за изработка на истражни, хидрогеолошки, геотехнички и инекциони дупнатини

Бесплатна обука за геодупчач за изработка на истражни, хидрогеолошки, геотехнички и инекциони дупнатини

Приватно научната установа Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика во соработка со Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, започнува обука, врз основа на верифицираната Програма за обука на геодупчач за изработка на истражни, хидрогеолошки, геотехнички и инекциони дупнатини од страна на Министерство за образование и наука.

obuka
Со оваа обука заинтересираните лица ќе се стекнат со вештини и знаења за ракување со дупчачка гарнитура и со целиот процес на дупчење, поправка и нивни карактеристики при дупчење, како и препознавање на разни видови дупнатини, контролирање на мерни инструменти, прилагодување на режим на дупчење во согласност со геотехничките карактеристики на карпите низ кои минуваат дупнатини односно се во согласност со програмата за обука на геодупчачи.
Обуката ќе се реализира во Скопје со комбинација од теренска обука и настава во училница во период од 6 месеци.

обука геодупчачи (0)
Со оглед на важноста за стекнување знаење и вештини за геодупчач бидејќи во оваа област постои дефицит на кадри во РМ, по завршувањето на обуката се очекува кандидатите да стекнат способност да анализираат, планираат и организираат како и да прават подготовки на работното место (теренот, машините и алатите). Особено важно е тоа што ќе научат да изработуваат истражни дупнатини, хидрогеолошки дупнатини и бунари, геотехнички дупнатини и инекциони дупнатини, да извршуваат административни работи, да обезбедуваат квалитет во работењето и да ги одржуваат машините и алатите за работа. По завршувањето на оваа обука, кандидатите ќе научат да комуницираат со соработниците и ја заштитуваат работната и животната средина.

Обуката е бесплатна, на најдобрите учесници на обуката им се нуди можност за вработување во Градежен Институт Македонија.

Лицата кои се заинтересирани за учество во обуката можат да ги добијат сите потребни дополнителни информации на следните телефонски броеви 02 30 91 931 и 02 30 91 945 на електронската адреса info@iege.edu.mk или директно во просториите на Градежен Институт Македонија и ПНУ Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика на ул. Дрезденска бр. 52 општина Карпош, Скопје.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top