Насловна / Вести / Археолошкиот музеј отвори изложба на накит во КИЦ на РМ во Софија

Археолошкиот музеј отвори изложба на накит во КИЦ на РМ во Софија

kic sofija izlozba

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија отворена e изложба „Накитот од Македонија низ вековите“ на Археолошкиот музеј на Македонија.

Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и е централен настан меѓу повеќето активности со кои КИЦ на РМ во бугарската престолнина годинава одбележува 10 години постоење.

kic sofija izlozba (2)

Kонцептот на изложбата е замислен како репрезентативна илустрација на еволутивниот развој на накитот пронајден на територијата на Република Македонија со археолошките ископувања вршени седумдест години наназад.

Изложбата претставува копии од атрактивни артефакти со непроценлива културна и историска вредност и претставуваат сведоштво за културниот идентитет на популациите, кои егзистирале на овој простор од неолитот до средниот век.

Изложбата во Софија ќе трае до 10 јуни.

Испрати коментар

Scroll To Top