Насловна / Вести / Алхемија на бетонот

Алхемија на бетонот

На Градежниот факултет во Скопје се одржа работилница под наслов ,,Алхемија на бетонот“ која, по повод пензионирањето на професорите Санде Атанасовски и Зоран Десовски, ја организираше Катедрата за бетонски и дрвени конструкции. Целта на овој пригоден стручен настан  беше да го потенцира, особено во контекст на актуелната сеизмичка активност, значењето на квалитетот на бетонот, како и на знаењето и одговорноста на сите учесници во градбата, за изведба на сигурни и трајни објекти.POSTER.cdr

За производство на квалитетен бетон, кој е убедливо најупотребуван материјал во градежништвото, потребно е пред сè знаење, но истовремено и почитување на сите пропишани стандарди и процедури. Од претходни испитувања, па сè до соодветна нега. И покрај ова, сведоци сме, за жал, на многу паушалности и контрадикторности во реалноста. Несоодветни рецептури, неквалитетни и неконтролирани составни материјали, непочитување процедури, нестручно вградување, изоставена нега, нарачани резултати…alhemija-na-betonot-gradezhen-fakultet_12

Дилемата Колку навистина знаеме за бетонот ја постави професорот од Градежниот факултет Тони Аранѓеловски, кој, меѓу другото, ја потенцираше испреплетеноста на усвоените eвропски стандарди со нашите актуелни правилници, кои сè уште се повикуваат на веќе изменетите македонски норми. Во своето интересно излагање прикажа и преглед на новите истражувања и достигнувања во областа на бетонот кои, неспорно, водат кон уште поголема и поширока примена на овој материјал.alhemija-na-betonot-gradezhen-fakultet_13

             Љупчо Китановски од АД Гранит, врз основа на извршените обемни истражувања во нивната лабораторија и веќе воспоставеното производство, се осврна на самовградливиот бетон, неговите карактеристики, технологијата, контролните испитувања, предностите и др.

alhemija-na-betonot-gradezhen-fakultet_18

             До квалитен бетон преку осмислена технологија беше пораката што ја упати Никола Узунов од АДИНГ. Во својата осмислена и концизна презентација ја истакна неопходноста од ,,вградување“ на знаењето како најважна компонента во составот на бетонот.alhemija-na-betonot-gradezhen-fakultet_16 alhemija-na-betonot-gradezhen-fakultet_15

За употребата на новите материјали во функција на трајноста на конструкциите говореше Александра Стојменовска од „Јадро инженеринг“, која тежиштето го стави на производите што служат за зголемување на водонепропустливоста на бетонот.

Концизен преглед на експерименталното истражувачко наследство кое со генерации се пренесува на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции, даде доцент Дарко Наков. Со оглед на тоа што резултатите од експерименталните истражувања имаат непроценливо значење за зголемување на квалитетот на бетонските конструкции и пошироко, тие претставуваат своевидна константа во активностите на катедрата. Беше потенцирана и значајната поддршка од страна на реалниот сектор при реализацијата на ваквите проекти.

alhemija-na-betonot-gradezhen-fakultet_14

Работилницата ја докажа потребата од почесто одржување на вакви стручни настани кои со многу нешта придонесуваат за подигнување на квалитетот на градењето.

alhemija-na-betonot-gradezhen-fakultet_02

Подготви: Горан Марковски

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top