Островот Макинo (Mackinac Island ) е остров со површина од 9,8 квадратни километри во американската држава Мичиген. Се наоѓа на езерото Хјурон, на источниот крај од Протокот Макино, кој го поврзува езерото со езерото Мичиген. Островот е познат по своето историско значење, природните атракции, речиси целосната забрана за моторни возила и како туристичка дестинација.

Ова е место каде што времето буквално застанало. Уште далечната 1898 година локалните власти ги забраниле автомобилите, бидејќи „ги плашеле коњите и го загадувале воздухот“. Таа забрана важии денес, со исклучок на моторните санки во зима, возилата за итни случаи и комуналните возила. Превозот на островот е пеш, со велосипед или автентични кочии. Дури и полицијата, брзата помош и пожарникарите користат специјални возила прилагодени на островот или се движат наоколу со велосипеди.
Сè, од пошта до намирници во продавници за храна, се доставува со коњи.

Ролерки се исто така дозволени, освен во центарот на градчето. Велосипеди, ролерки, кочии и коњи за јавање се достапни за изнајмување. Пат од 13 километри го следи периметарот на островот, а бројни патеки и патчиња ја покриваат внатрешноста. Патот што кружи околу островот веднаш до брегот е М-185, единствениот државен автопат во Соединетите Американски Држави без моторни возила.

На островот се наоѓа Државниот парк Острво Макино, кој покрива околу 80 отсто од островот и ја вклучува тврдината Макино и делови од историскиот центар и пристаништето на островот. Кампувањето не е дозволено, но има бројни хотели и пансиони.

Улиците во „центарот“ се исполнети со бројни продавници, слаткарници и ресторани. Популарен производ на слаткарниците е локално произведениот и национално познат fudge (карамел) од островот Макино.

На голем дел од островот е извршена историска заштита и реставрација, а денес целиот остров е наведен како Национален историски споменик. Познат е по бројните културни настани и по разновидноста на архитектонски стилови, вклучувајќи го и познатиот викторијански Гранд хотел. Островот е исто така дом на една од двете официјални резиденции на гувернерот на Мичиген.

Овој остров се смета за едно од најчистите места во светот, со прекрасна викторијанска архитектура, природа и мирис на домашен карамел што се шири низ улиците наместо смог.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија