Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на ЈП Железници Инфраструктура Синиша Ивановски, извршија увид на реконструкцијата на железничката обиколница на Скопје, на делницата од Драчево до Илинден.
Според Николоски, обновената делница ќе биде наменета исклучиво за товарен железнички сообраќај, што ќе овозможи подобра организација на транспортот, побрз проток на карго-композициите и значително намалување на влијанието врз животната средина во Скопје, бидејќи товарните композиции повеќе нема да минуваат низ централното градско подрачје.
Тој најави и дека Владата продолжува со модернизација на железничкиот систем, при што првата линија на долгонајавуваниот градски воз во Скопје треба да биде пуштена во функција најдоцна до 1 септември.
Со реализацијата на овие проекти, се очекува значително подобрување на железничката инфраструктура, поефикасен товарен транспорт и создавање нова алтернатива за јавниот превоз во главниот град.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија