Хидроцентрала Вруток – место каде природата, уметноста и енергијата се спојуваат во една незаборавна приказна.
„Човекот и светлината“ е монументален мозаик (50 м²) создаден во периодот 1974-1975 година, лоциран во кругот на хидроцентралата Вруток близу Гостивар. Ова е прво мозаично дело на еден од најзначајните македонски сликари и мозаичари, Глигор Чемерски.

Делото претставува симбиоза меѓу уметноста и индустријата. Филозофски и естетски, мозаикот е алегорија за човечката креативност и стремежот да се скроти природата, користејќи ги водата и нејзината енергија (светлина/електрична енергија) за развојот на општеството. Изработен е од илјадници парчиња камен и стакло кои ја нагласуваат моќта на човековиот труд.

Преку своите форми и бои ја раскажува приказната за луѓето кои со својата работа ја претворија силата на реката во светлина што ги осветлува домовите низ Македонија.
Над мозаикот стои турбинско коло – нем сведок на едно време кога се граделе големи дела со визија, труд и посветеност.

Нека овие фотографии нè потсети дека Гостивар и Вруток не се познати само по природните убавини, туку и по своето богато културно и индустриско наследство, кое заслужува да се памети и да се пренесува на идните генерации.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија