На Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје, УКИМ на 02. јуни беше свечено отворена годишната изложба на студентите за учебната 2025/26 година. Честа да ја отвори изложбата и припадна на Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, а пред присутните се обрати и деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорги Груевски, истакнувајќи го значењето на креативниот развој, знаењето и професионалниот напредок на студентите.

Изложбата им овозможува на посетителите одблиску да ги разгледаат иновативните решенија и визии на студентите од областа на дизајнот на мебел и ентериер.
Изложбата ќе биде отворена до 09. јуни.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија