Денес во Белград ќе се отвори изложбата „Милан Злоковиќ и Арт Деко“. Отварањето е закажано во 19 часот во Галеријата на Музејот на град Белград.
Изложбата е во организација на Фондацијата „Милан Злоковиќ“ и Музејот на град Белград.
Стопанската комора во Скопје или „Метропол“, лоциран на главниот градски плоштад е проектирана од Милан Злоковиќ во 1933 година и претставува ремек дело на Модерната во Македонија.

Изложбата е дел од програмата по повод значајните годишнини посветени на Милан Злоковиќ (1898–1965), еден од основачите на модерната архитектура во Србија, и фрла светлина врз еден помалку истражен, но исклучително значаен сегмент од неговото творештво – неговиот став кон естетиката на Арт Деко.
Преку избран материјал од Легатот на Милан Злоковиќ, публиката ќе има можност да ги испита архитектонските, визуелните и стилските карактеристики на една ера, како и местото што Злоковиќ го имал во обликувањето на модерниот Белград.

Низ цртежи, фотографии и лични предмети на архитектот Милан Злоковиќ, кои се чуваат во Музејот на град Белград, Фондацијата „Милан Злоковиќ“, Музејот на применета уметност и приватни колекции, изложбата ја истакнува врската помеѓу раните дела на архитектот Милан Злоковиќ и стилот Арт Деко, кој ги обележал 1920-тите и 1930-тите години. Значењето на Милан Злоковиќ (1898–1965) првенствено лежи во неговата водечка улога во развојот на модерната архитектура во домашната средина.

Тоа се одразува и во неговото учество во формирањето на Групата архитекти на модерното движење и во неговата бескрупулозна аспирација да создаде нова архитектура на современата ера, подредена на човечките потреби, а изразена преку проектантска и пишана работа, изложбени активности, научна и универзитетска работа. Поради тоа, склоноста на Злоковиќ кон декоративното, особено изразена во првата деценија од неговото творештво, често се занемарува или карактеризира како романтичен и еклектичен пристап кон архитектонското проектирање, односно како идејно – естетска дилема изразена преку синтеза на стари и нови форми, кои претходеле на насочувањето на „вистинскиот пат“ кон несомнениот модернизам. Ревалоризацијата на градителството на Арт Деко стилот во српската средина вклучувало и нови толкувања на раниот опус на Злоковиќ, во кој е можно да се идентификуваат различни елементи од тој стил, што е детално презентирано на оваа изложба.
Изложбата ќе биде отворена до 19 јули 2026 година.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија