Насловна / Вести / 12 факти за огромната кинеска хидроцентрала која дури ја успорува ротацијата на Земјата

12 факти за огромната кинеска хидроцентрала која дури ја успорува ротацијата на Земјата

Ви ги пренесуваме 12-те најинтересни факти во врска со грандиозното здание на модерното инженерство олицетворени во кинеската хидроцентрала Three Gorges, според оценката на сајтот Interesting engineering. Најнапред мора да се спомене дека идејата за изградба на овој инфраструктурен објект потекнува од далечната 1919 година, од Sun Yat-sen за многумина татко на модерната Кина. Во статија под  наслов „План за развој на индустријата“, тој ја предлага идејата за изградба на оваа брана која не само што ќе помогне во контрола на поплавите долж реката Јангце, туку и ќе биде симбол на можностите и моќта на Кина.

gorges2

1. Масивна и несекојдневна градба

Иако некои тврдат дека градбата е видлива од вселената, ова не е точно. Но, сепак тој факт не ја намалува нејзината грандиозност. Вградени се 510.000 тони челик, што е еквивалентно на количина за 60 Ајфелови кули.

2. Три главни намени

Хидроцентралата е проектирана и изведена за да служи на три главни цели: заштита од поплави, производство на електрична енергија и подобрување на наводнувањето во областа.

gorges10

3. Неверојатна инфраструктура (по број и по инсталирана моќност)

За да ја произведе електричната енергија, хидроцентралата има 34 генератори со огромна моќност. Енергетскиот потенцијал на водата како енергенс во овој случај е еквивалентна на 25 милиони тони нафта, односно 50 милиони тони јаглен.

gorges3

gorges6

gorges7

4. Потребни биле децении за реализација на проектот

Низ историјата, со години идејата за изградба на хидроцентралата била нефизибилна за изведба. Таа не била ниту дискутирана од 1919 до 1946. Потоа, иако бил потпишан Договор за изработка на проект, плановите биле одложени поради граѓанската војна во Кина која  се појавува веднаш после Втората светска војна.  Постоеле повеќе обиди за старт на проектот и во 50тите и во 70тите години, но секогаш социјалните превирања биле причина за одложување. Дури во 1994 година започнува изградбата, а пуштена е во погон во 2009.

5. Многу пробиени рокови во текот на изградбата

Самата изградба на објектот е прослeдена со многу доцнења, контроверзи, корупција, проблеми во врска со заштитата на животната средина и сл,. но сепак успешно е приведен до крајот.

 

6. Загадување на водата

Една од најголемите контроверзи во врска со Three Gorges Dam е во врска со штетата која централата ја предизвикала врз животната средина. Проценките покажуваат дека 70% од свежата вода во Кина е загадена, а со браната ситуацијата е уште повеќе влошена. Имено, браната се наоѓа врз старо одлагалиште за отпад и рударски активности.

gorges4

7. Огромна миграција на населението

Пред изградбата на проектот, 1,2 милиони луѓе биле принудени да се преселат. И денес оваа присилна миграција не е запрена, и се очекува оваа бројка да порасне за неколку стотици илјади.

8. Подобра контрола на поплавите

Сезонското поплавување на реката Јангце била главната причина за страв и грижа на населението долга низа години. Се работи за третата најголга река во светот со должина од 6.357km. Браната помага во заштитата од поплавите на милиони луѓе и домови долж течението на Јангце.

gorges5

9. Производство на енергија

Хидроцентралата генерира 11 пати повеќе енергија отколку познатата Hoover Dam во САД. Има инсталирана моќност од 22,500 MW, и претставува еден од најзначајните двигатели на кинеската економија.

gorges8

10. Негативно влијание врз животната средина

Во регионот кој ја опкружува Three Gorges Dam, се наоѓаат 6.400 различни видови на растенија, 3.400 видови инсекти, 300 видови риби и околу 500 различни копнени животни. Изградбата на браната не само што влијае врз сите овие видови туку и влијае врз средината во која живеат. Новозоздадената миклроклима под влијание на браната, е закана за екосистемот во регионот.

gorges9

11. Високи инвестициски вложувања

Пресметките за вкупната цена на чинење на оваа инвестиција, покажуваат 37 милијарди УСД.

12. Ја успорува ротацијата на Земјата

Тајната зад овој факт лежи во феноменот на инерцијата. Кога акумулацијата е во својот максимум има 42 милијарди тони вода. Оваа огромна маса влијае врз рорацијата на Земјата, продолжувајќи го денот за 0,06 микросекунди.

gorges1

 

Испрати коментар

Scroll To Top