Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Ивана Батев во Софија

Изложба на Ивана Батев во Софија

tviter kalendar 2013
Во галеријата „Антракт“ во Софија отворена е изложба на фотографии од Ивана Батев за Твитер-календарот 2014. Овој проект е продолжение на  идејата за општествено ангажиран календар што во 2013 година првпат беше изработен за подигање на јавната свест за ракот на дојка.

Заедницата на луѓе активни на твитер, повторно испратија порака за здравјето, овој пат за сексуалното здравје, преку фотографии од актови. Пораките ги состави тимот на организацијата ХЕРА, чиј фокус на работа е сексуалното и репродуктивното здравје и права.

Годинава фотографиите беа контекстуализирани во стилот на фото-блогот „Идеи за домот“, кој прикажува детали од ентериер и дизајн.

Авторката на изложбата Ивана Батев е фоторепортер во Македонската информативна агенција-МИА.

Испрати коментар

Scroll To Top