Насловна / Вести / Изложба „Ние“ по повод 60 години Архитектонски факултет

Изложба „Ние“ по повод 60 години Архитектонски факултет

118_porta3_img_2.jpgАмалгам од објекти и приказни

По повод големиот и значаен јубилеј, 60 годишнината од оформувањето на Архитектонскиот факултет, во Музејот на град Скопје, на 3 ноември, се отвори изложбата на дела на архитекти кои творат во Македонија.
Изложбата, насловена како „НИЕ“, која беше посетена од голем број студенти по архитектура, дипломирани архитекти и професори, како и од многубројни гости, ја отвори деканот на Архитектонскиот факултет проф. Тихо Стојков.
Таа е составена од три дела кои сочинуваат единствен амалгам кој го претставува децениското постоење на Факултетот и неговата сегашност.
-Првиот дел може да се нарече „Потсетување“ и тој прави редуцирана ретроспекција на придонесот на наставниот кадар на Факултетот во развојот на современата македонска архитектура. Тој содржи само некои од иконичните објекти на современата македонска архитектура потпишани од архитекти кои биле професори на Архитектонскиот факултет.
Вториот дел би можел да биде насловен како  „Претставување“ и во него со свои објекти и проекти се претставува актуелниот кадар на Факултетот покажувајќи го сопствениот начин на гледање на архитектурата и придонесот во македонската архитектура, а пред се потенцијалот на помладите колеги кој денес се помалку наоѓа простор за себереализација.

Повеќе во број 118, понеделник 16.11.2009 г.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top