Насловна / Арт и дизајн / Масичка што „понира“ во длабочините на океанот

Масичка што „понира“ во длабочините на океанот

duffy-london-abyss-table-designboom-a
Со редење на слоеви на повеќеслојно стакло и дрвени исечоци, Duffy London понуди решение на „маса понор“, именувана по илузијата што ја создава, како да понирате во индиго длабочините на океанот. Овој дизајн создава геолошки пресек на морето, комплетирајќи еден тродимензионален модел на геолошка мапа.
duffy-london-abyss-table-designboom-02
duffy-london-abyss-table-designboom-03
„Набљудувајќи ги парчињата на тенкото стакло во производниот процес во фабрика за стакло, забележав дека материјалот потемнува како што се додаваат повеќе слоеви, на ист начин како што морето потемнува кога станува подлабоко“ – истакнува дизајнерот Christopher Duffy.
duffy-london-abyss-table-designboom-04
duffy-london-abyss-table-designboom-08
„Посакав да го искористам овој ефект правејќи копија на реално место од океанскиот свет на Земјата. Како митска сила која создава совршен правоаголник директно од земјината кора, за да ја употребува како личен украс“ – додава тој.

По традиција на естетиката на ова дизајнерско студио, ова парче мебел има двојна функција – како естетско парче кое „говори“ во име на природата и како функционален елемент во ентериерот.
duffy-london-abyss-table-designboom-06
duffy-london-abyss-table-designboom-09

3 коментари

  1. Може ли да се нарача некаде?

Испрати коментар

Scroll To Top