Насловна / Вести / Градежен скандал со магнезитни плочи ја тресе Европа!

Градежен скандал со магнезитни плочи ја тресе Европа!

Судот во Данска донесе забрана за употреба на магнезитните градежни плочи, откако штетите достигнаа 100 милиони евра. Во Македонија и натаму се продаваат магнезитни градежни плочи, кои се вградуваат и во најголемите проекти.

Станува збор за т.н. лесни градежни плочи увезени од Кина, рекламирани како евтина зелена алтернатива на квалитетните градежни сувомонтажни плочи, водоотпорни, отпорни на мувла и на удар. Се нудат како трајни и евтини решенија за заштита од ветер, ниски температури и бука.gradeznistvo

Проблемот доаѓа поради катастрофалното својство на плочите, кои иако треба да бидат водоотпорни, впиваат влага и по целосното заситување лачат на раствор од магнезитни соли, кои ја нагризуваат конструкцијата што ги носи.

По откривањето на скандалот со магнезитните плочи кај соседите, шведската „Асоцијација на сопственици на домови“ плати истражување водено од Олоф Мундт-Петерсен, коешто покажа дека од 2009 година, само еден увозник продал повеќе од 10 до 15 илјади квадрати од online casino магнезитните плочи.

Во Данска овие плочи се на пазарот од 2010 година и просечно биле вградувани по 100 илјади м² месечно.

„Плочите, при допир со влага, стануваат леплива маса слична на желатин, која ја губи целата носивост“, вели Мундт-Петерсен. Магнезиум хлоридот што излегува од влажните плочи ја нагризува конструкцијата и врзивните штрафови и затоа не смеат да се користат на позиции каде што има влага.gradeznistvo1

По судската забрана во Данска покренати се стотици судски спорови, кои државата ги решава групно и ги обесштетува преку осигурителните компании кои биле ангажирани на објектите.

За овој скандал прв се огласи еминентниот дански магазин Ingeniøren, по многуте тужби од семејствата против инвеститорите на објектите во кои живеат. Во нивните станови се појавила мувла, за првпат забележена во пролетта 2014. Сопствениците на преку 20.000 станови побарале отштета.

За недостатоците на овие плочи во 2010-та извести и водечкиот градежен магазин во Шведска, Byggindustrin, по испитувањето на Техничкиот универзитет во Лунд, коешто ги покажа катастрофалните својства на панелите на тестовите во влажни услови.

Врз база на сите овие испитувања и нивните заклучоци, магнезитните плочи го изгубија „Лебедовиот печат“, којшто на скандинавските пазари го добиваат материјалите со докажан квалитет.

„Не се сеќавам на поголем скандал од овој. Без сомнеж ќе има големи последици за објектите во кои се вградени овие плочи. Корозијата може да сруши и цел објект“, вели претседателот на данската Инженерска асоцијација, Хенрик Гарвер.

Испрати коментар

Scroll To Top