Насловна / Вести / Енергетските проекти Бошков Мост и Луково Поле запираат

Енергетските проекти Бошков Мост и Луково Поле запираат

lukovo pole i boskov most

Енергетските проекти Бошков Мост и Луково Поле запираат. На барање на Европската банка за обнова и развој ќе се работи нова еко студија која треба да покаже дали воопшто ќе се градат овие електрани, пишува британски „Гардијан“.

Весникот во анализата пренесува изјава на висок претставник на ЕБОР, која треба да биде финансиер на проектот Бошков Мост.

„Во тек е спроведување на ‘нова’ студија за оценка на влијанието врз животната средина. Се додека студијата не се заврши, нема да се преземаат никакви активности. Поради жестоките реакции од страна на експертите од областа на заштита на животната средина и засегнатата поширока јавност, работата на терен е отежната. Многу е веројатно дека ќе треба да се свртиме и да се откажеме”, вели претставникот на ЕБОР за британски „Гардијан“.

Еко студијата која треба да покаже дали и колку изградбата на електраните ќе ја загрози природата ќе биде готова најрано за една година, а до тогаш проектот ќе мирува.

Екологистите посочуваат дека нема да се откажат од отпорот за изградбата на централи во национални паркови, дополнително што во тој регион се предвидува изградба на уште 20 помали хидроцентрали.

lukovo pole i boskov most

Екологистите велат дека испратиле проекти до Владата во кои се нудат алтернативни решенија. Од владата, пак, се уште остануваат на ставот дека енергетските проекти се од огромно значење за земјава.

„Студијата за Бошков мост се уште е во изработка и ги чекаме нивните завршни анализи и дури потоа ќе се знае дали ќе има штетни последици од изградбата на оваа хидроелектрана“, велат од Владата.

На меѓународната петиција за заштита на националниот парк Маврово, се потпишаа сто илајди луѓе. Протестираа и мештаните од реканскиот крај, а дополнително проектот се проблематизираше и по реакциите на Албанија, која е засегната преку речното поврзување. Официјална Тирана се изјасни дека без договор и детални анализи нема да може да се реализираат овие проекти.

Испрати коментар

Scroll To Top