Насловна / Архитектура / Животен простор во хармонија со контекстот

Животен простор во хармонија со контекстот

Проектот на архитектонското студио Santiago Viale y Asociados во градот Кордоба, се наоѓа на опфат со веќе постоечка вегетација, која сама по себе претставуваше предизвик да се зачува при изведбата на истата.

12 8 11

Јавните внатрешни простори на куќата се создаваат од празнините што ги остава вегетацијата, додека приватниот простор останува суптилно одалечен со северна ориентација. Партерното уредување, искористувајќи ги предностите на различните типови на дрвја, помага да се создаде значителна сончева заштита на покривот, диктирајќи ја динамичната атмосфера во внатрешноста.

Проектот на Santiago Viale y Asociados го почитува постојниот архитектонски колонијален израз на архитектурата ( распоредот на внатрешни дворови и галерии кои ја ги поврзуваат функциите, почитувајќи ја постоечката вегетација).

Продирањето на светлината не се случува само од атриумот, во некои сегменти на куќата e преку кровните прозорци, кои исто така и даваат автентичен карактер на архитектонскиот јазик во ентериерот и екстериерот на градбата. Фасадното обликување е решена со полн ѕид од тула во речиси целиот периметар, со исклучок на западната фасада каде истата е опбработена перфорирано.

Парцелата каде е изградена куќата се наоѓа во една од населбите што припаѓале на старото станбено јадро во зелениот појас на Кордоба. Сепак, овој опфат изобилува со вегетација (палми кои достигнуваат височина од  15 метри) скоро низ целата нејзина површина. Она што може да се заклучи при претходна опсервација на парцелата е дека истата била користена како земјоделско обработливо земјиште.

Позицијата на дрвјата практично ја оневозможи изградбата на објектот без да биде земена во предвид опцијата за нивно отстранување, така што се наметнува потребата да се испитаат сите поединечни видови, вклучувајќи го дијаметарот на стеблата и проекцијата на нивниот развој.

10 9

Приоритет беше даден на изнаоѓање постоечки простори помеѓу дрвјата каде што може да се развие објектот програмски. Три посебни простории  ја стимулираат социјалната компонента во просторот, додека приватниот дел (просторот за одмор) се протега на север. Циркуларното движење околу различните намени го формира централен двор. Конечно, задниот дел на дворот е резервиран за  покриена галерија што се отвора кон остатокот од градината. Сите овие проектни зафати имаа за цел да ги задржат сите видови дрвја со цел да се постигне најмало можно влијание врз животната средина и да не се девастира дополнително земјиштето.

Топлинската изолација најнапред се овозможува преку напорите  за одржување на постојниот вегеративен фонд, што генерира еден вид прва заштита над објектот, фрлајќи сенка, со што станува посредник помеѓу директното дејство на сонцето и другите атмосферски агенси и домот, додавајќи квалитет кон просторните вредности што тоа ги генерира. Од друга страна, при формирањето на атриумот, се поттикнува циркулаторно движење на вкрстен ветер, што придонесува за внатрешната термичка регулација на објектот.

Беше предложен низок рамен покрив на висината каде што почнуваат да се отвораат врвовите на дрвјата, со периметарски падини за слободен пад со метални капки, со што се избегна секој друг систем за одводнување на бури, бидејќи количината на постоечката вегетација претставува висок ризик од опструкција за нив. Сето ова испуштање на дождовница се собира со бетонски канал со наклон на нивото на земјата, спроведувајќи ја водата кон улицата преку филер од пелети што овозможува слободно истекување и правилен транзит преку неа.

5 6 7

Навикнати сме постојнано да слушаме за паметна архитектура, сепак, повеќе треба да се говори  за архитектура која произлегува од  здравот разум, од просторната интелигенција на архитектот. Бидејќи, во крајна линија, знаењето и правилното користење на сите ресурси, природни и човечки, заедно со здравиот разум на архитектот, треба да создаваат простори со идентитет, кои им служат на нивните корисници; бидејќи, архитектурата што не возбудува, е едноставно конструктивен ентитет.

1 4 3 2

Испрати коментар

Scroll To Top