Насловна / Вести / Словенија: Постигнување на климатска неутралност во шест клучни чекори

Словенија: Постигнување на климатска неутралност во шест клучни чекори

Високите температури на воздухот и водите, падот на биодиверзитетот, екстремните временски услови и нарушеното здравје на жителите, се само некои од видливите последици на климатските промени во Словенија, но оваа земја сега е одлучна доследно да ја спроведе климатската стратегија и во иднината да зачекори како климатски неутрална.

Климатската стратегија предвидува дека до 2050 година, Словенија ќе биде климатски отпорно општество базирано на одржлив развој и затоа се стреми кон ефикасно управување со енергија и природни ресурси со истовремено одржување на високо ниво на конкурентност на циркуларната економија, се истакнува на сајтот на Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање на Словенија. Затоа Министерството во соработка со 15 партнери од јавниот и невладиниот сектор, во 2019 година го покренува проектот LIFE IP Care4Climate, со цел подигање на свеста, едукација и зајакнување на клучните актери за климатска транзиција на Словенија. Проектот под слоганот „Имаме само 1 планета“ дејствува во шест клучни области: зелени јавни набавки, одржлива мобилност, отпад од храна, енергетска ефикасност, одржлива употреба на земјиштето и шумарство, како и подигање на свеста и развивање на нови знаења во областа на заштитата на животната средина.

slovenia1

1) Зелени јавни набавки

Иако уредбата за зелени јавни набавки постои од 2019 година и се однесува на 20 предмети на јавни набавки, поради ниската свест на нарачателите за предностите на зелените набавки на добра и услуги, изостанува нејзината адекватна примена. Освен тоа, се занемарува значењето на зелените набавки во борбата против климатските промени, а тоа може да се промени само доколку се работи на унапредување на знењето на нарачателите по пат на работилници, вебинари и други облици на едукација.

2) Одржлива мобилност

Н апатот кон постигнување на климатската неутралност, сообраќајот е еден од најголемите предизвиции во Словенија. Според податоците кои во 2017 година ги објавил Заводот за статистика на Словенија, вкупното население на оваа земја, дневно минувало по 12 километри, што е 7200 по жител. Затоа е важно интензивната мобилност која е карактеристична за жителите на Словенија, вклучува и одење, возење со велосипед, користење на јавниот превоз, електрични возила и други облици на одржлив транспорт.

3) Отпад од храна

Во глобалниот ланец на исхрана фрламе една третина од храната секоја година, додека секој осми жител на нашата планета е гладен, а секој трети се соочува со недостаток на храна. Освен што е контроверзен во етичка смисла, отпадот од храна претставува проблем и поради прекумерната потрошувачка на природни ресурси (земјиште, вода и енергија). Целиот ланец на снабдување со храна, од производител до потрошувач, резултира со големи количини на стакленички гасови и затоа преку Care4Planet ќе бидат организирани работилници и вебинари за одржливо производство и потрошувачка на храна.

4) Енергетска ефикасност

Прекумерното користење на енергија претставува еден од најголемите притисоци врз животната средина, но кога користиме помалку енергија за постигнување на истата цел, можеме да зборуваме за енерегтска ефикасност. Бидејќи енергетската ефикасност е неизоставна во борбата против климатските промени, Министерството за заштита на животната срдина и просторно планирање од 2015 година, секоја година организира Урбан форум, а оваа година тој се одржа на 14-ти мај под името „Енергетска ефикасност – Сигурност од земјотреси – Комплетна обнова на згради“.

5) Подигање на свеста и стекнување на нови знаења

Развојот на нови знаења и компетенции е многу важен фактор во процесот на преминување во општество со ниска емисија на јаглерод, а тоа го потврдуваат и меѓународните извештаи и анализи. Иако повеќето заинтерсирани страни ја разбираат и поддржуваат потребата од спроведување мерки во борбата против климатските промени, често им недостасува мотивација, знење и компетенции за вистинско дејствување, пишува на сајтот Care4Planet. Затоа е неопходно да се развијат прилагодени програми за обуки и образование, како и соодветни механизми за следење на напредокот во клучни области.

6) Одржливо користење на земјиштето и шумарството

Стретегијата за одржливо користење на земјиштето подразбира побрзо и подобро спроведување на мерките во областа. Се проценува дека со одржливо управување на шумите, обработливите површини и останатото земјиште, емисијата на јаглерод диоксид ќе биде намалена за околу 100 тони годишно.

slovenia3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top