Насловна / Вести / Словенија ги забранува котлите на мазут и јаглен од 2023 година

Словенија ги забранува котлите на мазут и јаглен од 2023 година

Новиот Закон за промоција на користењето на обновливите извори на енергија, воведува забрана за користење на котли за греење на мазут и јаглен од 2023 година, двегодишен рок за издавање на дозволи за нови електрани, како и изменети правила за прозјумери и производство на енергија за сопствена потрошувачка.  Целта на новиот закон за обновливи извори на енергија е транспонирање на законите од пакетот на Европската унија – Чиста енергија за сите Европјани, првенствено Директивата  (EU) 2018/2001 за промовирање на употребата на енергија од обновливи извори на енергија и Директивата 2012/27/EC за енергетска ефикасност. Законот е усвоен од страна на националниот парламент, и стапил на сила. Со Законот е утврдено уделот на зелената енергија во бруто финалната потрошувачка да не смее да падне под 25% на годишно ниво, додека целта е 27% до 2030 година, од сегашните 21%, веќе дефинирани во Националниот енергетски и климатски план.  Системите за далечинско греење имаат обврска да го зголемуваат уделот на обновлива енергија за 1% годишно, со дополнителна обврска да подготват планови за одржливо работење и овозможување на потрошувачите  од 2025 година да се исклучат од мрежата поради еенргетска неефикасност на системите. Прозјумерите, помеѓу останатото, ќе мораат да плаќаат мрежен надомест за енергијата превземена од мрежата, а истовремено ќе добиваат средства за вишоците испорачани на мрежа.

sloveniaren1

sloveniaren3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top