Насловна / Вести / Скици од Мариово

Скици од Мариово

Стоиме на карпите над реката, Сонцето  пополека заоѓа зад ридот како во  одјавна сцена од филм на Џон Форд, небото е мастилаво сино и на него срамежливо се појавуваат првите ѕвезди за да ја најават топлата летна ноќ. Владее потполна тишина која одвреме-навреме ја пресекуваат звуците на јагнињата кои пред крајот на денот се прибрани во бачилата да преноќат, светулките срамежливо ги започнуваат ноќни игри, мракот започнува да допира сè наоколу нас, а ние го забораваме тешкиот пат што сме го поминале да дојдеме дотука.

                                                           Мариово 2021 год.

dav

dav

Познато по приказните за Итар Пејо, неретко употребувано и со пејоративно значење многумина  за Мариово зборуваат како за едно село, но Мариово е област која се протега на површина од над 1.300 квадратни километри во кои се наоѓаат триесетина села кои се поделени помеѓу Прилеп, Кавадарци и Битола. Реката Црна ја дели областа на два дела или Старо Мариово од десната страна и Младо Мариово од левата страна на реката.  Пронајдените артефакти на територијата на Мариово покажуваат дека на овој простор постоел организиран и динамичен начин на живот уште од античкото време. Но сепак Мариово е најпознато за време на Првата светска војна, кога на неговата територија се сечат фронтовски линии и во него се стационирани војските на завојуваните страни.

За да дојдете во Мариово наједноставно може да го направите тоа преку Прилеп или Битола, по асфалтен  пат  пристигнувате во првите мариовски села, а оттаму пеш или со велосипед може да ги откривате пределите, низ кои додека се движите, имате чувство дека патувате низ разни историски епохи.

dav

dav

dav

Селата се речиси напуштени и главно се празни, останале претежно стари луѓе  кои не сакаат да го напуштат своето родно место. Иако кон крајот на 1948 година Мариово бил регион со највисока стапка  на наталитет во  поранешна Југославија, денеска е реткост да сретнете деца во мариовските села, не може ни детски глас да слушнете некаде во далечината. Луѓето кои ќе ги сретнете се гостопримливи и отворени за разговор. Темите за разговор, без оглед дали се зборува за нешто што се случило пред 100 години или денес, ги раскажуваат во сегашно време, како да биле таму и како и тие да се живи учесници во настаните. Најчесто разговорите им започнуваат со тоа како се живеело порано, па продолжуваат за војниците од Африка со ,,алки на лицето“, кои биле стационирани тука за време на Првата светска војна, па неретко некои од жителите се изразито црномурести, потоа приказни за закопано злато по околните ридови, па сè до секојдневните проблеми.

dav

dav

dav

Мариовските куќи се изградени од градежни материјали кои се наоѓале во непосредна близина на селата. Куќите целосно се изградени од камен, а покриени се со гранитни камени плочи. Куќите се на приземје и кат. Во приземјето се чувала стоката и храната (во овој простор најчесто се раѓале децата), а катот бил наменет за живеење. Во дворот на секоја куќа има фурна како и оградени места за чување добиток или за одгледување градинарски култури. Секое село има селска црква, а во околината често има и по неколку манастири на кои за празниците се собирале луѓето од околните села.

dav

10.Влезот во просторот на приземјето кој е наметен за чување на храната_resize

11.Црквата во село Штавица изградена за потребите за снимањето на филмот ,,Прашинa'' на режисерот Милчо Манчевски_resize

Мариово било доста актуелно во античкиот период за што зборуваат археолошките наоѓалишта од кои одредени артефакти може да ги сретнете вградени во нивните куќи, штали или во селските чешми.

21.Античката гробница од IV век п.н.е во селото Бонче_resize

Изборот за посета на одредени места најчесто е одреден од нивната туристичко-маркетиншка актуелност, сепак најголем е предизвикот кога ќе откриете скриени места чии мириси, луѓе, слики ќе се врежат во вас и ќе создадат желба постојано да се навраќате  во нив исто како да сте за прв пат таму.

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top