Насловна / Вести / Систем на градба TOP & DOWN

Систем на градба TOP & DOWN

Објект: BТБ Арена Парк – Мултифункционален јавен комплекс на улица „Ленинградски проспект“ бр. 36 во Москва

1

Во долгогодишната пракса на изведување објекти од високоградбата компанијата АО „Путеви“ Ужице од Србија за прв пат се сретна со изградба на објект по технологијата TOP & DOWN (од врвот кон дното). Технологијата top & down нашла широка примена во изградба на објекти во тесното урбано опкружување во Москва, а благодарение на безопасната природа на работата, која практично ги штити од повреди околните постоечки објекти и инсталации. Покрај тоа, работата со оваа технологија овозможува значително скратување на роковите за градење. Суштината на методата е во комбинирана едновремена градба на подземниот и надземниот дел на објектот, односно едновремено подигнување на надземниот дел и спуштање на подземниот дел одозгора надолу кон фундаментот на објектот.
Комплексот се наоѓа на пресекот на „Ленинградски проспект“ и улицата „Новаја Башиловка“. Мултифункционалниот јавен комплекс го сочинуваат неколку згради од 12 до 26 ката, обединети со заеднички стилобат под кој се наоѓа транспортен подземен простор. По периметарот на овој простор изведена е армиранобетонска дијафрагма. Во склад со специјалните технички услови, комплексот спаѓа во објекти со нормално ниво на одговорност. Во фаза на проектирањето донесено е решение блоковите 6, 8, 9, 10 и 11 да се градат со широк ископ на темелната јама, а блоковите 8 и 12 со методата top & down.

Untitled-1

КАРАКТЕРИСТИКА НА КОНСТРУКТИВНОТО РЕШЕНИЕ НА КОМПЛЕКСОТ

Согласно проектната документација, за градба на комплексот ВТБ Арена Парк избран е комбинираниот систем на градба (top & down), поради тоа што во зоната на градбата се наоѓаа инфраструктурни инсталации, а рокот за нивно изместување не даваше можност за завршување на сите градежно-занаетчиски работи во предвидениот рок.
Основни носиви конструктивни елементи на подземниот дел на комплексот се: дијафрагми, столбови-шипови, меѓукатна конструкција и фундаментна плоча.
Фундаментот на објектот е монолитна армиранобетонска плоча (висина од 800 мм до 1600 мм) основана на шипови. Марка бетон МБ40, W8 дебелина на фундамент. Типот на фундаментот е избран врз основа на комбинираниот систем на градба (top & down), бидејќи овозможува едновремена градба на подземниот и надземниот дел на објектот.
Монолитните армиранобетонски шипови столбови претставуваат постојана носива конструкција, а во периодот на градба столбовите-шипови се всушност носачи на меѓукатните конструкции, под чија заштита се врши ископот. Дијаметарот на шиповите под фундаментната плоча изнесува 1180.1350,1830 мм. Столбовите-шипови се изведуваат во метални цевки со дијаметар од 530, 720 и 820 мм, кои се воедно нивна оплата и после изведбата металните цевки се дел од конструктивниот систем во својство на постојани армиранобетонски столбови.

Untitled-2

цртеж бр.1

На цртежите бр.1 (пресек) и бр.2 (план) прикажана е општата технологија на градба на комбинираниот систем на градба (top & down), односно една карактеристична етапа на градбата. Цртежите ја покажуваат едновремената градба на подземниот и надземен дел на објектот. Односно на нивоата -1 и -2 од вкупно три подземни ката и фундаменталната плоча, паралелно со градбата на надземниот дел на објектот каде армиранобетонските работи веќе се изведуваат на +3, +5 и +7 кат.

Crtez br. 1

цртеж бр.1

Општи податоци

Проектната документација „Подземниот дел на блоковите 7, 8 и 12, армиранобетонски внатрешни конструкции на подземниот дел“, разработена е од „Инженерско биро Јуркјевич“, а нарачател е „Кодест Инженеринг С.Р.Л.“

Untitled-3
Геолошки услови

Инженерско – геолошките и хидролошките услови ја класифицираат локацијата на објектот во III категорија според сложеност. Геолошкиот состав на парцелата ја определува нејзината припадност кон преодната зона на фрагментарниот развиток на високи тераси и моренско плато. До длабочина од 70 метри присутни се дисперзивни, терцијарни седименти, варовнички песок и карпест масив од доцниот период на јура и доцниот период на камен јаглен.

IMG-1148

Разбивање на технолошки бетон околу столб-шип

Градење на објектот

Изградбата на нашиот дел на објектот „ВТБ Арена-парк“ + top & down отпочна во август 2017 година, а заврши во јули 2018.
Ископот под бетонираните плочи на котите -10,600 и -13,900 е правен со мала механизација, багер и утоварувач. Земјата од привремените отвори во плочата е извлекувана со грејфер кој се наоѓаше вон објектот, префрлана на камиони до местото на депонијата. Со мала механизација е разбиван и технолошкиот бетон кој остануваше околу столбовите-шипови.

IMG-1147

припрема за бетонирање на плоча во подземно ниво

Кај оваа метода на градење, особено се интересни два конструктивни елемента на овој проект, столб-шип и челична комора.

Бидејќи во нашиот речник не постои соодветен поим, според моето мислење зборот столб-шип е најсоодветен, бидејќи ја определува суштината на неговата работа. Практично, за цело време на експлоатација на објектот, долниот дел на столбот-шип го пренесува оптоварувањето како шип. Темелната плоча служи за да го држи оптоварувањето од столбот-шип во случај на миење на тлото под него или отворање бездна во варовникот во случај на негова ерозија.

4

поставување на хидроизолациони траки

За столбот-шип најпрво се прави бушотина со дијаметар Dc=2εr+2Δ+2τ+Dk.

Dk – дијаметар на цевката која останува како заробена оплата на столбот во првата фаза на работата

εr – ексцентрицитет на проекцијата на геометриската оска на столбот во однос на проекција на оската на центарот, масата на столбот во рамнина на врвот на столбот

Δ – отстапување на оската на столбот од вертикалата

τ – отстапување на оската на бушотината во основа

На челичната цевка која останува како крута арматура на столбот се вари арматурата на долниот дел на столбот-шип. На крајот на оваа арматура се вари елементот челна комора, кој се состои од две кружни челични плочи со дупка, ребра за укрутување и плочка која служи за фиксирање на металниот костур во чакалот кој се насипува во дното на бушотината на висина 0.1 Dc.

Комората има неколку важни функции:
1. Спречува мешање на бетонската маса за време на бетонирањето.
2. Низ неа поминува технолошкиот цевковод низ кој се врши испирање на дното на бушотината, оптичко набљудување на состојбата на карпестата маса во дното на бушотината, бетонирање, мерење со инклинометар.

Untitled-4

Процес на изработка на столбот-шип

1. Се прави бушотина со дијаметар Dc=2εr+2Δ+2τ+Dk под заштита на суспензија од бентонит.

2. Со аутокран се монтира метален костур, при што кранот сам се центрира под влијание на сопствената тежина. Целата оваа конструкција преку челната комора се ослонува на слој чакал и со челични фиксатори се вкопува во чакалот. Потоа на врвот на столбот се поставува кондуктор со преси за центрирање. Рамката на кондукторот се ослонува на форшахта.

22

3. Бетонирањето се прави континуирано од дното кон врвот, со паралелно насипување на просторот помеѓу челичните цевки – оплатата и ѕидот на бушотината со зрнест материјал (чакал).

Насипувањето се прави со чакал, фракција 40-70 мм и отпочнува по завршување на бетонирањето на долниот дел на столбот-шип и паралелно со бетонирањето на горниот дел на столбот-шип.
Претходно се симнуваат пресите за центрирање и арматурата цврсто се фиксира за фотошахтата. По бетонирањето на столбот-шип се врши дополнително набљудување на дното на бушотината низ технолошка цевка.Технолошката цевка се спушта под нивото на челната комора и со нејзина помош по бетонирањето на столбот-шип се врши миење на дното од тиња која останала при бушењето. Отворот на цевката за време на бетонирањето се затвора со дрвен или гипсен капак.
Со помош на цевката може да се прави и цементација на основата, доколку нема потреба од проширување на главата на шипот.

Untitled-5

При изградба на подземниот дел на објектот за евакуација на подземната вода користен е систем на иглофилтери. Процедената атмосферска вода се наоѓа на ниво од -8.00 до -10 м до котата на теренот. Протокот на водата беше пресечен со изведување на армиранобетонска дијафрагма д=80 см, која навлегува во вододржечкиот слој на глина. Висината на дијафрагмата е 29 метра.

При инјекција на џет шиповите, работниот притисок на цементната суспензија достигнува до 400 атм. Таков висок притисок за да не го пробие слабиот квалитет на бетонот на дијафрагмата во машината е намалуван до 150 атм. Пресекот низ дијафрагмата е даден на претходната слика.
Многу голема работа е потрошена на преправање на незавршената арматура, наставките на бетонирање, преправање на споевите на арматурата на плочата со столбовите-шипови на котите -7.300 и -10.600.
Што се однесува до бетонските работи, при бетонирањето е користена пумпа. Најголемото бетонирање беше на 2 април 2018 година, кога со непрекинато бетонирање се вградени 2800 м3 бетон во армиранобетонска фундаментна плоча.

Автор: Предраг КОЧОВСКИ, дипл.инж.арх.

(Специјално за Порта 3 од Москва)

01

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top