Насловна / Арт и дизајн / Почина вајарот Миодраг Живковиќ, творецот на споменикот на Сутјеска

Почина вајарот Миодраг Живковиќ, творецот на споменикот на Сутјеска

На 31. јули почина професор Миодраг Живковиќ (1928-2020), еден од најголемите српски и југословенски вајари на втората половина на минатиот век.

Роден е во Лесковац, кај Лазаревац (Србија), дипломирал вајарство во 1952. година на Академијата за применети уметности во Белград, каде станал и редовен професор, а два пати бил и декан. Живковиќ своето прво вајарско дело, во јавен простор, скуптурата „Борец“ го реализирал 1959. година во Рашка. Оттогаш па се до смртта во 93. година од животот, неуморно ја клесал во камен променливата историја на Балканот со неверојатна леснотија и исклучителна експресија.

11

Неговото дело ја овековечило прочуената битака во Втората светска војана на Сутјеска, драмата на Работничкиот баталјон на Кадињача (близина на Ужице), последниот лет на легендарните пилоти на Кралството Југославија во Априлската војна 1941. година, на дунавскиот кеј во Земун. Во камен ги овековечи и стиховите на „Крвава бајка“ на Десанка Максимовиќ, „V/3“, Споменикот на стреланите ученици во Шумарице кај Крагујевац.

4_resize

„V/3“, Споменикот на стреланите ученици во Шумарице кај Крагујевац, 1963

Кон крајот на 60-тите години, еден период живеел во Чиле, каде работел на Споменикот на Југословенските доселеници и Споменик на протест во Пунта Аренас.

Автор е и на спомен костурници во Гонарс, Италија, во Виена и во Грахово, Црна Гора.

грахово_resize

Спомен костурница, Грахово, Црна Гора, 1978

Историчарот Дејан Ристиќ вели: „Живковиќ со својата работа и необичната дарба од само наизглед ладниот материјал, отелотвори некои од ремек-делата на српската, југословенската и европска скулптура во јавен простор и создаде опус за восхит, почитување, благодарност и незаборав“.

Иако монументалната уметност на Живковиќ се наоѓа во светските антологии на вајарство, а беше предмет и на неодамнешната изложба на југословенската повоена уметност во њујоршка МоМА, каде неговите споменици привлекоа огромно внимание, тој лично беше тих, ненаметлив, речиси невидлив за јавноста. Уметник на кој му беше доволно неговото творештво.

кад_resize 3_resize

Кадињача во близина на Ужице, Србија, 1979

Одликуван е со Орденот на Републиката со златен венец 1971. година, една година подоцна ја освоил наградата 4. јули од СУБНОР на Југославија, а од Собранието на здружението на ликовни уметници на применета уметност на Србија и наградата за животно дело.

Живковиќ секој свој споменик го изборил со  квалитет и идеја, на јавен конкурс. Тој во тек на својата долга кариера учествувал на повеќе од 50 конкурси, почнувајчи од 1959. година, кога ја освоил првата награда за скулптурата „Борец“ во Рашка.

Во едно свое интервју дадено на 90-годишна возраст Живковиќ раскажува за уметничката слобода која ја имал при создавање на своите дела. За тоа како работел потполно уметнички слободно, онака како замислил и умеел, како што секој уметник посакува да работи.

тј3_resize

тј1_resize

Сутјеска, Босна и Херцеговина, 1971

Тој раскажал за споменикот на Сутјеска дека секој кој размислувал за тој споменик стравувал пред големината на настанот кој се одиграл. Тамо и природата е јака и суверена, па е речиси невозможно човек да ја дополни, велел. Според сеќавањата на Живковиќ споменикот на Сутјеска е внимателно планиран и граден, околу две години. Тој разговарал со многу учесници на битката во која загинале 3301 борци, пред да работи на идејниот проект.

тј2_resize

Сутјеска, Босна и Херцеговина, 1971

„Спомениците се градени после јавни конкурси, на кои можеа да учествуваат сите уметници на тогашна Југославија“, вели Живковиќ, раскажувајќи за Сутјеска. „Конкурсот се одржа во Војниот музеј, всушност беше изложба на идејните решенија. Изборот на најдобриот го правеше комисија, составена од врвни експерти. Тука немаше протекции, политиката не се мешаше. На тие конкурси творците имаа можност да ја прикажат својата работа, да ги споредат своите дела со другите учесници, бидејќи сите имаа иста тема. Во овој благороден натпревар можеше многу нешта да се научат“, објаснувал Живковиќ.

Фирмата „Првоборец“ од Херцег Нови била носител на работата за споменикот на Сутјеска на две големи камени грамади во движење со висина 19 метри, од копање на темелите, арматура, до конечно лиење во бел бетон. Јоаип Броз Тито доаѓал често, го интересирало како напредуваат работите. Тито свечено го отворил споменикот во 1971. година.

5_resize

Сутјеска, фото од изложбата во МоМА

Испраќањето на Миодраг Живковиќ е планирано за денес, а како што наведуваат од неговото семејство и „Галерија 73“, чиј основач бил, опелото ќе се одржи во неговото родно село, каде и ќе почива уметникот.

Испрати коментар

Scroll To Top