Насловна / Архитектура / Опис на позициите на отворите во архитектурата

Опис на позициите на отворите во архитектурата

Често сме сведоци на непотполни и неточни описи на поедини позиции на отвори, кои се изработуваат за главни, односно за изведбени проекти. Она што претпоставувам, најмногу придонесува за тоа е старата болка – недостаток на време, но можно е и игнорантскиот однос на проектантите. Описите на позициите се занемаруваат и се сведуваат на „копирање“ од разни проекти, па така нивната „примена“ станува универзална на секој нов проект. Со оглед на тоа што вредноста на работите во оваа област знае да промашува и 20 % од вредноста на објектот, коректни и технички правилни описи се од исклучителна важност. Денес, сè уште се чести ситуации во кои во описот на позицијата се бара на пример: „Трокрилен прозорец од ПВЦ-трокоморен профил со прекинат термички мост, изведен со сува монтажа, отворање околу вертикална и долна хоризонтална оска…“

IMG_9899.1_RGB_mod_RZ_resize

Веројатно некои сега се прашуваат: „Што е тука спорно“? Имено, проблемот е во суштинското непознавање на ПВЦ како материјал за изработка на прозорски профили. Не е важно дали е тоа трокоморен, петкоморен или повеќекоморен систем, она што е битно е дека ниту еден прозорец изработен од ПЦВ-профил нема ТЕРМИЧКИ МОСТ, така што барањето за „профил со прекинат термички мост“ кај ПВЦ-прозорец се поистоветува со браварија, со метални или алуминиумски прозорци, кој навистина треба да имаат т.н. прекинат термички мост, кој не е ништо друго туку пластика, како „мост“ помеѓу два метални профила, надворешен „ладен“ и „внатрешен“ топол.

Исто така, она што се појавува во описите на позициите се и барањата поврзани со термичката изолација, каде неретко се повикува на одамна надминати стандарди, за што најдобар пример е барање за одредена „к – вредност“ од да речеме k = 2,4 W/m²K или пак, друга крајност, k = 0,8 W/m²K. Во ЕУ одамна не се користи „к – вредност“ како релеванта и таа е заменета со „U – вредност“, која според правилата е нешто повеќе од старата „к“. Со Правилникот во Босна и Херцеговина за техничките својства на прозорци и врати („Службен весник на БиХ“ бр. 6/09), Правилникот за технички барања за топлинска заштита на објектите и рационална употреба на енергијата („Службен весник на БиХ“ бр. 49/09), во Босна и Херцеговина во оваа област работите се измениле од темел.

ПР_resize

Денешните стандарди бараат надворешните прозорци, балконските врати и кровни прозорци да задоволуваат коефициент на премин на топлина во вредност Uw = 1,8 W/m²K, каде Uw е готов прозорски елемент, каде се вклучени и крилото и штокот, и секако самото стакло.

U-вредноста (коефициент на премин на топлина) е прилично слична на „к-вредноста“ во тоа што претставува мерка на количеството топлина која ќе премине низ одреден квадратен метар во тек на еден час, каде постои температурна разлика топло-ладно од 1 К. Значи U-вредноста мери топлинска трансмисија, односно топлински губитоци, колку е помала U-вредноста толку е подобра изолацијата.

Така што можеме слободно да ја потврдиме претходната констатација дека бројот на комори на ПВЦ-прозорци повеќе не е релевантен за подобра топлинска заштита, односно дека повеќе комори не мора да значат и подобра изолација, како ниту дебелината и широчината на самиот профил, релевантна е – Uf вредноста на ПВЦ- профилот, односно Uw-вредноста на комплетниот прозорец.

Покрај со проектот барани U-вредности за ПВЦ, алуминиумски или други материјали за прозорските профили, често се наведуваат и посебни барања за застаклување.  Со оглед на тоа дека технологијата за производство на стакло значително е напредната, посебните барања за траспареција, соларен фактор итн., секако имаат смисла. Меѓутоа, сите барања кои се предвидуваат за прозорците со проектот, мора да бидат во корелација, односно треба да се усогласат на таков начин едното да не го исклучува другото. Во спротивно, освен естетските барања во однос на бојата на стаклото и неговата технолошка обработка (на пример; боено зелено, сатинато итн.) и евентуално дополнително барање за сигурност,  доволно е да се постават само неколку услови со кои ќе се сумира сè друго.

IMG_9907.1_RGB_mod_RZ_kleiner_resize

На пример, правоаголен прозорец, двокрилен со подвижна пречка, Uw ≤ 1,8 W/m2K,  Rw≥ 33 dB. Со ова се подразбира дека комбинацијата на рамот и стаклото, без оглед на нивните поединечни U-вредности, во однос на готов прозорец мора да задоволи коефициент Uw ≤ 1,8 W/m2K, односно дека застаклувањето мора да биде такво што покрај топлинската изолација треба да има и добра звучна изолација, каде во корелација со рамот, прозорецот има звучна изолација не помала од 33 dB. Со ова ги игнорираме поединечните вредности, бидејќи ни е важен само крајниот резултат, да ја задоволиме топлинската и звучната изолација, а можните комбинации на профилот, стаклото, гасот итн., ги оставаме на волјата на производителот на прозорци.

Бидејќи на пазарот се присутни различни производители каде разликата во цената и димензиите на истиот елемент може да биде двојно поголема, важно е да се утврдат минималните барања во однос на квалитетот на материјалите за изработка на рамката на прозорецот. Важно е повторно да се напомене дека дебелината на ѕидот на профилот, исто така, не игра значајна улога, едноставно затоа што сите производители немаат иста рецептура за ПВЦ. Она што треба да нè интересира е механичка цврстина, отпорност на атмосферските влијанија и на крајот на краиштата, гаранцијата! Во случај на ПВЦ-профили, сегашниот стандард на БиХ е BAS EN 12608, кој пропишува категории во однос на дебелината на ѕидот на ПВЦ- профилите. Според BAS EN 12608, ПВЦ-профилите се поделени според дебелината на ѕидот на класи: класа А (невидливите sидови мора да бидат ≥ 2,5mm, а видливите, надворешни ≥ 2,8 mm), класа B (невидливите sидови мора да бидат ≥ 2,0mm, а видливите, надворешни ≥ 2,5mm) и класа С – нема барања.

IMG_8236_mod_RZ_resize

Според наведеното, секој елемент треба да ги задоволува и другите со закон, односно со правилници пропишани вредности.

Задолжително треба да се одреди класата на отпорност на оптоварување со ветар, според стандардот BAS EN 12210, каде што е пропишана класа на отпорот, во зависност од дозволената фронтална девијација (A < 1/150; B < 1/200; C < 300) и предвиденото оптоварување на дадената локација.

Класа на водонепропустливост според нормата BAS EN 12208 и класа на херметичка отпорност според BAS EN 12207 (Со Правилникот за технички барања за топлинска заштита на објекти и рационално користење на енергијата пропишана е минимално Класа 2 херметичност за објекти до 2 ката и Класа 3 за објекти над 2 ката).

Последни, но не и најмалку важни се безбедносните квалификации, каде што се пропишани часови за заштита од провали според местото на употреба и желбите на корисниците, во термини RC1 (Resistance Class), RC2, RC3 итн.

Меѓутоа најчесто се користат термините како што се „аголен сигурносен оков“, а станува збор за стандарден дел на оков, т.н. затворач, кој се наоѓа во долниот десен или лев агол на рамката и кој е составен дел на секој систем на „основниот сигурносен оков“. Комплетна безбедносна опрема е онаа која има заклучување, т.е. безбедносно затворање на минимум пет места на рамката.

Со цел да се избегне каква било конфузија, доволно е да се препише класата на отпор, на пр. RC2, со што сме ги дефинирале сите други карактеристики на оковот, покрај безбедноста, а во случајот на RC2 тоа значи низа статички и динамички проверки (на пр. за RC2 удар на цилиндар обложен со гума со тежина од 50 кг, со висина од 45 cm, и за RC3 со висина од 70 cm) и мануелни обиди за провала со различни алати во зависност од класата на отпор.

Kommerling-Logo_resize

КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top