Насловна / Вести / Нуредини: Се заложуваме за 51 отсто редукција на стакленичките гасови до 2030 кон Парискиот Договор

Нуредини: Се заложуваме за 51 отсто редукција на стакленичките гасови до 2030 кон Парискиот Договор

Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање е усвоен на седница на Владата и со тоа е поставена амбицијата во 2030 година да се постигне 51 отсто намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година

Овој стратешки документ претставува нов, поамбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран на ублажувањето на климатските промени.

COP 25 Nuredini 4

“Позитивниот аспект од усвојувањето на овој амбициозен Ревидиран национален придонес е засилен со фактот дека истиот го одредува придонесот на државата во реализација на Зелената агенда на ЕУ и Инвестицискиот План за Западен Балкан на ЕУ и може да служи како инструмент за засилени инвестиции“, вели министерот Насер Нуредини.

Во поднесокот се вградени резултатите од анализите за потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови при што вкупно се анализирани  63 политики и мерки за ублажување во секторите: енергија (вклучително и снабдување со енергија, резиденцијален сектор, неспецифицирани сектори, индустрија и транспорт), земјоделство, шумарство и друга употреба на земјиште, отпад и дополнителни мерки (овозможувачки мерки на мерките за ублажување).

paris

Ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз е одраз на Зеленото сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и е целосно усогласен со предлог Националниот план за енергија и клима.

Дополнително, тој е силно поврзан со изработката на Долгорочната Стратегија, за која во моментов Министерството води процес на стратегиска оценка на влијанието на регулативата,  како и Законот за климатска акција чија прва работна верзија се финализира.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top