Насловна / Вести / Концепт за култура Скопје

Концепт за култура Скопје

Концепт за култура Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување на граѓани.

зрзе_resize

Св. Преображение, с. Зрзе, Општина Долнени

Основни цели и задачи на Здружението се:

– Да ја промовира македонската култура и творештво во рамките на програмите на УНЕСКО и други меѓународни асоцијации од областа на културата и творештвото;

– Да работи на подигање на свеста за загрозеноста на културните добра;

– Да обезбеди соодветни форми на заштита и презентација на културните добра;

– Да обезбеди усовршување на својот стручен кадар кој ефективно ќе влијае на реализација на целите на Здружението;

– Остварување на висок степен на заштита и промоција на трајни вредности од традиционалната и современата култура во и надвор од Република Македонија;

– Промоција, развој и унапредување во областа на визуелните и апликативните уметности и креативен дизајн;

– Издавања на материјали поврзани со унапредување, едукација, промоција и заштита на културата и уметноста во и надвор од Република Македонија;

– Промоција и поврзување на културата, културносто наследство и творештво во развојот на туризмот во Република Македонија.

ohrid_trpeica_resize

Св. Богородица Заумска, с. Трпејца, општина Охрид

Здружение на граѓани Концепт за култура Скопје конкурираше со два проекти Изработка на виртуелни прошетки на 20 цркви и манастари и Изработка на виртуелни прошетки на 20 археолошки локалитети на Конкурсот за учество во финансирање проекти од национален интерес во областа на културата од областа на заштитата на недвижното културно наследство за 2021 година, објавен од страна на Министерството за култура. Концепт за култура Скопје потпиша Договор со министерството на Изработка на виртуелни прошетки на 20 цркви и манастари и Изработка на виртуелни прошетки на 20 археолошки локалитети.

никита_resize

Св. Никита, с. Горњани, општина Чучер Сандево

Проектите се во процес на реализација, а некои и реализирани. Во август месец годинава почнаа со презентација на нивните виртуелни прошетки низ културното наследство на Македонија. На нивниот сајт http://kks.org.mk/ можете да уживате во прошетки низ прекрасните места на нашата земја.

струмица-водоча_resize

Св. Леонтиј, с. Водоча, општина Струмица

Изработка на виртуелни прошетки на 20 цркви и манастири. Досега се подготвени 10 прошетки:

  1. Виртуелна прошетка на црквата Св. Пантелејмон во с. Горно Нерези, општина Карпош
  2. Виртуелна прошетка на црквата Св. Ѓорѓи во с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане
  3. Виртуелна прошетка на црквата Св. Ѓорѓи, Полошки манастир с. Праведник, Општина Кавадарци
  4. Виртуелна прошетка на црквата Св. Никита, с. Горњани, општина Чучер Сандево
  5. Виртуелна прошетка на црквата Св. Архангел Михаил, Берово
  6. Виртуелна прошетка на црквата Јован Претеча, Манастир Продром, с. Слепче, Општина Демир Хисар
  7. Виртуелна прошетка на црквата Св. Преображение, с. Зрзе, Општина Долнени
  8. Виртуелна прошетка на црквата Св. Богородица Заумска, с. Трпејца, општина Охрид
  9. Виртуелна прошетка на црквата Св. Леонтиј, с. Водоча, општина Струмица
  10. Виртуелна прошетка на црквата Св. Димитрија, с. Маркова Сушица, општина Студеничани

неготино_resize

археолошкиот локалитет Градиште – Антигонеа, Општина Неготино

Проект за изработка на виртуелни прошетки на 20 археолошки локалитети, исто така подготвени се 10 презентации:

  1. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Павла Чука, село Подмол, општина Прилеп
  2. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Девини Кули с. Девич, Општина Македонски Брод
  3. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Исар кај село Марвинци, Општина Валандово
  4. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Исар, Штип
  5. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Тетовско Кале – Балтепе, с. Лавце, општина Тетово
  6. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Св. Петка, село Чифлик, општина Пехчево
  7. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Градиште – Славков дол – Билазора, село Кнежје, општина Св. Николе
  8. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Градиште, село Град, општина Делчево
  9. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Маркови кули, с. Корешница, Општина Демир Капија
  10. Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Градиште – Антигонеа, Општина Неготино

демир капија_resize

локалитет Маркови кули, с. Корешница, Општина Демир Капија

пантелејмон_resize

 Св. Пантелејмон во с. Горно Нерези, општина Карпош

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top