Насловна / Архитектура / Јаболки и вино: Препородени лозја над Прага

Јаболки и вино: Препородени лозја над Прага

На карпеста падина над реката Влтава се наоѓа замокот Јаблоњка, кој со своите брановидни лозја е доминантно обележје на северниот дел на Прага.

Престолнината на Чешка некогаш ја нарекувале „град на виното“, кога сливот на реката Влтава, во златното доба на владеењето на Карл IV (1316–1378), бил засаден со долги појаси од винова лоза.

Ниту ридот Черни Копец, денешна Јаблоњка, не бил исклучок, но поради последиците од Триесетгодишната војна од 17. век, прашките лозјата се напуштени и со текот на времето станале запоставени.

11

ЕКСПАНЗИЈАТА НА ГРАДОТ ЈА ЗАМЕНИЛА РОМАНТИКАТА

Како резултат на тоа, ридот потоа бил прекриен со јаболкници, па оттука и новото име, а во текот на 18. век, на ридот бил изграден истоимениот замок во класицистички стил, со акцент на формата, едноставноста, пропорција, па ова разбудило романтизирано сеѓавање на медитеранската култура на античка Грција и Рим.

2

Во текот на следните години, областа под Јаблоњка значително се променила и во 1830. година била воведена Северната железница, што довело до драстично проширување на градот. Романтичните погледи на лозјата исчезнале и полека се заменети со погледи на сè попространата метропола, пишува ArchDaily.

Кон крајот на 2000. година, ова подрачје доживеало уште една радикална модификација, односно изградбата на комплексот тунели Бланка, што иронично го влошило сообраќајниот метеж, бучавата и загадувањето на воздухот во областа Троја.

10

Некогаш романтичниот и убав замок продолжил да живее среде бучните патишта и брзите урбанистички промени.

Отприлика во исто време Јаблоњка преминала во приватна сопственост. Заинтересирани за нејзиното минато, сопствениците решиле да ја оживеат и да го продолжат историското наследство на местото и ги обновиле лозјата на соседното земјиште.

4

ИДИЛИЧЕН ДВОР

Во текот на 2013. година засадени се првите садници вино на Јаблоњка, кое нуди само три сорти и тоа во ограничени изданија.

Интересно е што при расчистувањето на старата градина, откриени се камени тераси, што предизвикало формирање на тераса за дегустација на вино, за чиј проект биле задолжени Marco Maio Architects.

1

Целта била да се врати романтичниот стар изглед на градините на лозјата. Водени од своите јужноевропски корени, архитектите предложиле создавање на идиличен двор.

Среде брановидните лозја, откриената камена урнатина со закривен простор била суптилно интегрирана во пејзажот и станала основа на интервенцијата.

12

Ова доведло до осврт на движењето Фибоначиева спирала, кое всушност е совршено усогласено со постоечката урнатина.

Со оплеменување на ѕидовите на спиралата, создадена е единствена оаза на тишина, како одговор на локалниот проблем со загадувањето со бучава.

ЗАОБЛЕНА МАСА КАКО ЕЛЕМЕНТ ЗА ДРУЖЕЊЕ

Едноставниот простор, затворен во однос на градот, создава амбиент кој го насочува фокусот на своите корисници назад кон замокот и ридот со низи винова лоза.

Фибоначиевата тераса е опкружена со индиректно осветлување, а дополнително е просторно поделена на две различни функционални нивоа.

6

Пониското е наменето за неопходни врски, а повисокото служи како простор за дегустација на вино и е централизирано со заоблена маса, која служи како главен елемент за собирање и дружење.

Целата интервенција е водена со откривањето и зачувувањето на постоечките елементи пронајдени на лице место. Со врамување на еден од нив, стар даб, и тоа со масивна врата, воспоставена е доминантна црта на симболика.

3

Додека вратата е затворена, вниманието останува насочено кон лозјата без поглед на градот, а од друга страна со отворањето на прозорците се воспоставува врска со градот и се поттикнува понатамошното проширување на лозјата.

7 8 5 9

Испрати коментар

Scroll To Top