Насловна / Вести / Италија прва во светот со закон ја забрани храната од лабораторија

Италија прва во светот со закон ја забрани храната од лабораторија

Италија вели НЕ за синтетичкото месо, како и млекото и вештачката храна за животни. Италијанската влада донесе одлука да го забрани производството и комерцијализацијата на синтетичка храна и за луѓето и за животните, што е спротивно на она што се случува во Америка и Сингапур, земји каде е дозволена употребата на оваа храна.

Италијанскиот министер за земјоделство, суверенитет на храна и шуми, Франческо Лолобриџида, вели дека Италија е првата слободна нација кога станува збор за ризикот од исхрана со синтетичка храна.

м0

Тоа е, како што истакнува, првиот закон во светот кој забранува комерцијализација и лабораториско производство на храната што ја јадеме.

„Синтетичката храна не гарантира квалитет, здравје ниту култура и еногастрономска традиција на нашата земја. На тој начин би ризикувале и поголема невработеност бидејќи таа храна би се произведувала онаму каде што трудот чини помалку во општество каде богатите би јаделе добра храна, а сиромашните не“, објаснува Лолобриџида.

Исто мисли и италијанскиот министер за здравство Орацио Скилачи: „Забраната за производство се заснова на мерки на претпазливост, бидејќи до денес немаме јасни податоци какви ефекти би имала оваа храна врз нашиот организам. На прво место е здравјето на граѓаните, како и зачувување на нашата кулинарска традиција која се заснова на медитеранската исхрана“.

м2

Прекршувањето на овој закон повлекува многу ригидни казни од 10.000 до 60.000 евра, па и до 10 отсто од заработката.

ШТО Е СИНТЕТИЧКО МЕСО?

Синтетичко или вештачко месо е храна која се создава благодарение на одгледувањето ин витро животински матични клетки.

Овие матични клетки се размножуваат во контролирана средина. Синтетичкото месо е вистинска храна од животинско потекло и не треба да се меша со месото од растително потекло.

Терминот „синтетичко месо“ исто така го оспоруваат и некои научници, како што е истражувачот Роберто Дефез од Институтот за бионауки и биоресурси ЦНР во Неапол, бидејќи не постои процес на хемиска синтеза. Синтетичкото месо се добива од матични животински клетки, додека т.н растителни месни производи од леќа, грав и други производи од растително потекло.

м3

„Синтетичкото месо се произведува во лабораторија почнувајќи со матични клетки земени од животинско ткиво (на пр. говеда, овци) кои потоа се поттикнуваат да се размножуваат на подлоги што содржат фактори на раст, во биореактор. Откако ќе се размножат, овие клетки потоа се диференцираат во зрели ткива во рамките на еден вид скеле, биокомпатибилни структури, додека не се добие производ многу сличен на природното месо“, објаснува за италијанскиот весник Il fato quotidiano, д-р Стефанија Руџиери, истражувач во Институтот Цреа, најпознатиот италијански институт за истражувања во врска со исхраната и доцент на Медицинскиот факултет Тор Вергата во Рим.

Руџери исто така изјави и дека до сега не се направени доволно студии и истражувања кои би можеле да го докажат целосниот и безбеден нутриционистички квалитет на овие производи.

м1

НАУКАТА ЗА СИНТЕТИЧКОТО МЕСО

До денес, не се направени доволно истражувања кои можат јасно да ни ги покажат долгорочните ризици од исхрана со месо направено во лаборатории. EFSA – European Food Safety Authority на својата веб-страница наведува: „Месото одгледувано во лабораториски услови би можело да се смета за иновативно решение кое ветува безбедна исхрана, која е здрава и ја почитува животната средина. Но, потребно е да се направат дополнителни истражувања за да бидеме апсолутно сигурни во овој начин на исхрана“.

Доколку EFSA даде авторизација за производство и трговија со ова месо во Европската Унија, Италија нема да дозволи увоз и производство. Д-р Руџери нагласува дека постои ризик нашиот организам да не го препознае овој вид на храна и дека нема да има доволно хранливи материи, па може да дојде до алергии и нетолеранција.

Според зборовите на д-р Руџиери, изборот на италијанската влада да го забрани ова месо се заснова на претпазливост и го зема предвид здравјето на сите граѓани, а денес нутриционистите генерално препорачуваат да се намали внесување на месо, а тоа се однесува и на синтетичко месо.

м4

ЦЕНАТА НА СИНТЕТИЧКОТО МЕСО И ЗАРАБОТКАТА

Денеска не е позната точната цена на овој вид месо, имено во 2008. година производството на околу 250 грама синтетичко месо чинеше околу еден милион евра, во 2015 година чинеше околу 250.000 евра, а денес е потребно да се издвојат 13 до 15 евра.

Цената е во драстичен пад благодарение на технологиите и можно масовно производство низ целиот свет. Има многу кои веруваат дека ќе чини помалку од вистинското месо. Според пазарната анализа на McKinsey, производството на овој вид храна ќе доведе до заработка од 450 милијарди долари до 2040 година, т.е. 20 отсто од светскиот пазар на месо.

Во овој вид месо вложуваат Бил Гејтс (оснивач на „Мајкрософт“), Ричард Бренсон (оснивач на„Вирџин“), но и познати личности како Леонардо ди Дикаприо и прехрамбени гиганти као „Тајсон фуд“, „Келогс“ и „Каргил“.

* * * * *

СИНТЕТИЧКО МЕСО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Податоците покажуваат дека воведувањето на синтетичко месо би довело до бројни предности: емисиите на стакленички гасови би биле за 98 отсто помали бидејќи интензивното земјоделство е една од важните причини за загадување на животната средина, потоа помала употреба на вода, енергија, антибиотици и лекови, 95 отсто помалку земјиште кое се користи за интензивно одгледување на добиток и пред се „сruelty free“ затоа што не подразбира страдање на животните.

м00

Секоја година се колат 50 милијарди кокошки, 1,5 милијарди свињи, половина милијарда овци и 300 милиони крави, а овие бројки ќе се зголемуваат како што светската популација продолжува да расте. Исто така, постои важен аспект кој вклучува употреба на антибиотици бидејќи податоците покажуваат дека луѓето се сè поотпорни на антибиотици имајќи предвид дека се зависни од активните состојки што ги внесуваат преку исхраната. Рибите, месото и сирењата се полни со лекови и прават луѓето со текот на времето да не можат да се излечат од болести и инфекции токму поради неефикасноста на лековите на кои се навикнати. Од друга страна, ова месо не би можело да обезбеди витамин Б12, кој би требало дополнително да се зема, а бидејќи не вклучува производство на коски, некои од традиционалните јадења би исчезнале.

Испрати коментар

Scroll To Top