Насловна / Екологија / Обновените мочуришта никогаш нема да го вратат полниот сјај

Обновените мочуришта никогаш нема да го вратат полниот сјај

mocurista-thumb.jpgПонеделник, 30 јануари 2012, во Велика Британија се смета за првиот ден на добро и ведро расположение кај луѓето годинава. Оттука овој ден и се нарекува "Среќен понеделник" (Happy Monday). 

Вообичаено по Божиќната и Новогодишната еуфорија се проценува дека населението поминува низ своевиден период на "сино" (депримирано) расположение пред да се вратат во секојдневанта рутина. Се разбира, фактот што повеќето вработени ги добиваат своите јануарски плати на крајот на месецот, дополнително може да помогне за поведрото расположение по енормните божиќни и новгодишни трошоци. Можеби затоа е најдобро да се анализираат предизвиците што ќе ја очекуваат професијата годинава на почетокот на овогодишниот "среќен" период кога на нив можеби ќе се гледа пооптимистички. Оваа година во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ќе бидат одбележани два исклучителни настани: Дијамантскиот јубилеј на Кралицата Елизабета Втора на почетокот на месец јуни со кој ќе се одбележи 60-та годишница од нејзиното крунисување и владеење со земјата, како и Олимписките и параолимписките игри: Лондон 2012 коишто почнуваат за нешто помалку од шест месеци кон крајот на јули оваа година. Од овие два настана се очекува многу оваа година, особено во однос на економските придобивки, како резултат на зголемениот број на туристи и посетители, што би требало да придонесе за подобрување на финанската состојба во земјата и намалување на буџетскиот дефицит, но пред сè за заживување на стопанството. mocurista-1.jpgВаквите очекувања се разбирливи, особено ако се земе предвид дека буџетот за овие олимписки игри, според Olympic Delivery Authority, од првобитно проценетите 2,8 милијарди евра во 2004 година се има покачено на 10,7 милијарди евра, според проценката од 2007 година, а по која и би требало да се релизираат овогодишните олимписки игри. Како резултат на ова, приходот што ќе треба да се генерира од овогодишните олимписки игри би било пожелно да биде соодветно голем за да се покријат барем основните трошоци сврзани со орагнизацијата на овие игри. За жал, со оглед на тоа што најголемиот број на градежни активности сврзани со Олимписките и параоломписките игри: Лондон 2012 веќе се завршни, не се очекуваат веќе некои поголеми ангажмани за архитектите и градежните фирми оваа година сврзани со игрите. Ваквата состојба се совпаѓа со околу една година долгиот период на намалена градежна активност во рамките на Европската Унија, каде според податоците на Eurostat, пресметани од страна на Royal Institution of Chartered Surveyors (RICS), се проценува дека градежната активност во овој период е помала за околу 22 проценти во споредба со онаа на врвот од 2007 година. Ова во голема мерка е резултат на економската криза во еврозоната, и особно на должничката криза свразна со таканаречените, веројатно навредително, "ПИГС" (Португал, Италија, Грција и Шпанија) или "ГИПС" (Грција, Италија, Португал и Шпанија) земји од кои сè уште не се гледа излезот. Сложената економска ситуација во еврозоната промовира воздржаност во инвестирањето градежни активности во овие земји, што несомнено негативно влијае на архитектите не само во ови земји туку и на оние од Британија. Притоа, особено се погодени проектантските фирми коишто имаат свои филијали во земјите на Европската Унија. Слична е ситуацијата и на Блискиот Исток каде "арапската пролет" и економските искушенија на земјите во регионот влијаат на намалување на можностите за архитектонско дејствување на британските форми кои традиционално со години биле присутни на овој пазар. Како резултат на ова, британските проектанти го намалуваат своето присуство во земјите на Европската Унија и Блискиот Исток и се обидуваат да изнајдат попривлечни пазари за нудење на своите услуги. mocurista-2.jpgОние проектантски бироа кои сакаат да го зголемат обемот на своето дејствување неминовно се принудени да се обидат да се пробијат во земјите во Азија коишто ги карактеризира заначително поголем економски подем, како на пример, Индија и Кина. Зголемената несигурност на работните места, намалувањето на реалните примања за мнозинството вработени и отежнатото добивање на станебени кредити, се само едни од факторите што придонесуваат за пренасочување на опредлбите од стекнување на дом во сопственост кон изнајмување на стан или куќа. Ваквите текови дополнително се поткрепени со трендот на намалување на цената на станбените објекти, и зголемените можности за кредитирање на лицата што сакаат да земат кредит за да купат станбена единица која ќе ја издаваат. Така, според станбената штедилница Nationwide Building Society, само во текот на јануари 2012 година цените на станбените објекти се намалени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец (декември 2011) со што просечните цени на станбените објекти се намалени од 188 на 187 илјади евра. Ваквите трендови ги поткрепуваат и податоците како оние од National House Building Council (NHBC) коишто укажуваат дека во 2011 година биле регистрирани само 115 илјади нови станбени единици во земјата, во споредба со нешто помалку од околу 230 илјади во 2007 година. Исто така, Clenegan известува за 24 процентно намалување на вредноста на станбените објкети коишто почнале со изградба во периодот од август до октомври 2011 година, во споредба со истиот период во 2010 година. Ова оди во прилог на проценките за глобалната состојба во градежништвото каде Construction Products Association ја има ревидирано својата прогноза за резултатите на градежната активност во земјата во 2012 година од минус 3,6 проценти според есенската прогноза, на минус 5 процентно според зимската прогноза. покрај ваквите трендови, се чини дека можеби се отвораат нови можности за деловно ангажирање на архитектите на проекти во доменот на станбената изградба како резултат на предложените измени и дополни на урбанистичката регулатива – The Town and Country Planning (General Permitted Development) Order. Со предложените промени би се овозможила полесна пренамена на деловните (канцелариски) објкети во станбени објекти. Ваквата измена би овозможила голем број на празни деловни објекти не само да се стават во употреба, туку и во релативно краток период да се обезбедат потребните нови станбени единици. Со ова не само што се овозможува порационално користење на постојниот градежен фонд, туку и се постигнува поголема економска оправданост, со оглед на тоа што вредноста на пренаментите деловни објекти во станбени се очекува да биде значително поголема од вредноста на постојните деловни објекти за кои во моментов постои намален интерес за изнајмување или купување. Според истражуавњето на Quod, се проценува дека само во деловниот центар на Лондон би можеле да се пренаменат околу 1,2 милиони метри квадратни деловен простор во станбени единици во текот на наредните пет години. Овие проценки би требале да ги развеселат и најпесимистички настроените архитекти во земјата, со оглед на тоа што само во деловниот центар на Лондон би имало доволно можности, барем теоретски, за секој од регистрираните архитекти во земјата да испроектира по еден стан од 40 м2. И покрај овој потенцијал, за жал, нема причини за голем оптимизам бидејќи The City of London Corporation која раководи со деловниот центар на Лондон бара да биде иземена од примената на овој закон. Се проценува дека во овој дел на градот бројот на жители е намален од околу 14.000 во 1921 година на само околу 10.000 жители денес и дека 70% од изградената подна површина отпаѓа на деловни простори во кои работат околу 300.000 вработени. Како причини за побараното иземање од предложените измени во законот се наведуваат потребата за очуваување на деловниот простор, иако постојат соменевања дека постои желба за очувување на екслузивноста и контролата на овој деловен центар, таканаречената "Квадратна милја" (Square Mile).(АЈ, 10.11.11). mocurista-3.jpgЕвентуалното иземање на деловниот центар на Лондон од предложените измени и дополни на законот за пренамена на деловниот во станбен простор, многу лесно можат да доведат и до напуштање на предложените измени, што секако ќе придонесе за намалување на овој потенцијален извор на работа за архитектите. Веројатно мал сегмент за можно дејствување на архитектите се отвора и во рамките на потребата да се "маскираат" побројните празни продавници лоцирани во трговските и централните градски подрачја низ земјата, при што преку креативно размислување, поставување на изложби, постери или украсување на ваквите трговски единици се прави обид да се даде привид на активен и жив дел на градот и да се надмине впечатокот дека тој дел на градот е подложен на економски тешкотии. Според едни проценки се очекува дека кризната состојба ќе потрае барем во наредните шест години, додека според други вработените се предупредуваат да не очекуваат зголемување на платите барем до далечната 2020 година. Како и да е пораката до граѓаните и до архитектите е дека ќе треба поскромно да се преживее во текот на наредната година, се разбира освен доколку не верувате во претскажувањето на Маите дека светот ќе престане да постои кон крајот на ова 2012 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top