Насловна / Вести / И Русија со своја „Силиконска долина“

И Русија со своја „Силиконска долина“

Во декември 2013 година, градежната фирма АО ПУТЕВИ Ужице од Република Србија ја започна капиталната градба на досега најголемиот за неа градежен предизвик од областа на високоградбата, комплексот Сколковски институт за наука и технологија – Источен прстен (Skolkovo Institute of Science and Technology). Комплексот се наоѓа на територијата на Иновациониот центар „Сколково“ во Москва. Замислата на државата е и Русија да добие „Силиконска долина“.

Генерален проектант на овој грандиозен проект е Ove Arup & Partners International Ltd, британска мултинационална професионална компанија со седиште во Лондон, Велика Британија, која обезбедува инженеринг, проектирање, планирање, проектен менаџмент и консултантски услуги за сите аспекти на изградена средина.skolkovo

Архитектурата на проектот е дело на компанијата Herzog & de Meuron од Базел, Швајцарија, кои воедно се јавуваат и како авторски надзор на проектот.

Проектот на фасадата на објектот е дело на Emmer Pfenninger Partner AG, специјализирана инженерска компанија за фасади со седиште во Münchenstein, Швајцарија.12003010_10153579066495768_3629651864539285455_n

Консултанти на инвеститорот по организација на образованието и научниот центар е Масачусетскиот технолошки институт – МIT, Бостон, САД, а консултанти по организација на лабораториите – фирмата Payette, исто од Бостон.11401058_1005493609475425_5219830081004608110_n

Предраг Кочовски

Финансирањето на објектот е од сопствени средства на некомерцијалната организација Фонд за развој на Центарот за разработка и комерцијализација на нови технологии – Фонд „Сколково“.11232364_10153689316910768_3714921781204383950_o

Проектна задача – намена на објектот

Комплексот на објекти Сколковски институт за наука и технологија – СИНТ ќе претставува меѓународен училишен и научно-истражувачки центар за високо образование и постдипломски студии, а ќе содржи и други видови на дејности, како што се највисоки напредни истражувања, образование и претприемништво, основани на иновациони основи и принципи на академското совршенство. Институтот претставува нов сателитски град на Москва, кој се наоѓа на околу 25 километри западно од Кремљ, на пресекот на Обиколницата и автопатот кон Минск. Тој е клучен елемент на урбаната средина на Сколково. Составен е од три посебни објекти: Источен прстен, Агора и Западен прстен.

Источниот прстен претставува прва етапа на работите на Институтот. Тој е со дијаметар 280 метри и висина два-три ката, и претставува најголем објект на комплексот. Во овој момент АО ПУТЕВИ Ужице ја завршуваат армирано-бетонската конструкција на  објектот, а предавањето во експлоатација е предвидено на крајот на 2016 год. Бројот на вработени изнесува околу 1.000 луѓе.

Custom Report

Податоци за функцијата на објектот

Сколковски институт за наука и технологија претставува комплекс на објекти за високо образование со научно-истражувачки и административно-деловни простории. Поради тоа, објектот е повеќефункционален. Во објектот се предвидени следните функционални зони: влезни групи на простории; лаборатории; центри со општа намена; простории со учебно-образовна намена; продавници за храна и ресторани; медицински пункт; повеќенаменска сала; службени простории; технички и помошни простории.

Основна архитектонска концепција

Објектот Источен прстен се состои од правоаголни блокови окружени и пресечени со кружни внатрешни прстени. Таквото решение обезбедува точно обележани лабораториски блокови распоредени во логичен меѓусебен нормален и цикличен распоред. Просториите со општествена, училишно-образовна намена и деловните простории, повеќето се распоредени во отворените повеќефункционални внатрешни прстени. Блоковите и надворешниот прстен имаат карактеристичен кос покрив, кој се јавува во улога на елемент кој го обединува целиот објект. Помеѓу лабораториските блокови и внатрешните прстени се наоѓаат дворови со мрежа од пешачки патеки и улици поврзани функционално со соседните објекти.

Централниот двор дополнително е одделен помеѓу останатите, како епицентар на комуникација на луѓето на отворен простор, каде е предвиден ресторан „The Yard“ кој го оживува партерот заедно со пејзажниот дизајн со овална форма и му дава на централниот двор неповторлив квалитет. Пешачките патеки, тротоари, плоштади и улици за автомобилски транспорт се изведуваат од коцки од единствен природен рустично обработен гранит. На делови од партерот се наоѓаат зелени острови со богата и густа хортикултура – растенија и одбрани видови дрвја кои образуваат парковски зони.Custom Report

Основни технички податоци:

Вкупна површина на локацијата на прва фаза: 11,36 ха

Вкупна површина на објектот Источен прстен: 133.979 м²

Вкупна површина на објектот Склад на химреагенти: 1.605 м²

Вкупна површина на објектот Дизелна електростаница: 1.009 м²

Висина на плафонот: први кат седум метри, втори кат 5,075 м

Висина на објектот: 22,42 м

Custom Report

12182445_10205335980575323_3756204694512308006_o

Надворешен прстен

Во просториите на три ката, на надворешниот прстен, а кои излегуваат на надворешната фасада, се предвидени училници. На нивото на главниот влез ќе бидат сместени книжарници, трговски продавници, аптека, центар на финансиски консалтинг, и до нив пристап ќе имаат сите посетители. По должина на осовина исток-запад на приземјето, ќе бидат расположени дел од канцелариите на Центарот за истражување, образование и иновации, со пристап преку службени влезови распоредени по периметарот на објектот. Продавниците за храна, кафетериите и пабовите, се во зоната на главниот влез на приземјето во делот на надворешниот прстен.

По целата должина на надворешниот прстен на вториот кат, се наоѓаат кабинети, сали за преговори и простории за масовни собири. На местата на пресекувањето на надворешниот и внатрешниот прстен, распоредени се таканаречени центри на неформална комуникација. На источниот дел на надворешниот прстен е зоната за одмор на професорско-предавачкиот кадар, а во аголната зона на западниот дел се наоѓа компјутерска лабараторија. На третиот кат по должина на надворешниот прстен, се наоѓаат неколку простории на студентскиот центар, центар за истражувања, образование и иновации.Custom Report

Внатрешни прстени

Двата внатрешни прстени образуваат основни места на пресекување и поврзување на различни функционални зони на објектот. Внатрешните прстени на втори кат формираат затворени врски над пространството на внатрешните дворови. Тие ги поврзуваат лабараториските блокови и се соединуваат во центарот на објектот, и со самото тоа формираат повеќефункционален простор за комуникација на луѓе и настани. Повеќефункционален простор формиран во центарот на пресекот на внатрешните прстени, создава можност за планирање на аудиториум со капацитет од 250 места или сала за конференции од 500 места.

Покривот на внатрешните прстени се менува, од кос покрив до рамни проодни тераси.Custom Report

Правоаголни лабораториски блокови

Правоаголните лабораториски блокови во основа се поставени меѓусебно во шаховски распоред. Блоковите претставуваат научно-истражувачки и училишни лабаратории. Централната административна зона е расположена на сите три ката по вертикала во лаборатаориските блокови, со што е обезбедена многу добра врска меѓу административните зони на разни факултети.

Библиотеките се наоѓаат во должина покрај централното степениште. Подземниот дел на објектот е зона на истовар на авто-транспортни средства, истражувачки простории, помошна и техничка зона.

Custom Report Custom Report

Пристап во објектот

Предвидени се четири влезови во објектот. Тие се расположени на местата на пресекување на надворешниот прстен со двата внатрешни прстени. Со овие влезови се користат студентите. Главниот влез е расположен во југоисточниот дел на објектот во непосредна близина на булеварот.

Конструктивно решение на објектот

Објектот има сложена форма. Габаритите на надземниот и подземниот дел се разликуваат, така што надземниот дел излегува надвор од габаритот на подземниот дел. Максималните димензии на подземниот дел во основа изнесуваат 210 х 260 м.

Фундаментот на објектот е изведен на шипови и темелна армирано-бетонска плоча. Шиповите се набивни армирано-бетонски (С120.35-13, С150.35-11), со квадратен пресек 350 х 350, тие се набиени во тло од глацијални слоеви. Главите на шиповите се вклопуваат во телото на фундаментната плоча. Вкупно количество на шипови изнесува 8.329 парчиња. Висината на фундаментната плоча варира од 300 до 2.000 мм, при основна дебелина од 800 мм. Бетонот е марка на притисок В40, по водонепропустливост W8, по мразоотпорност F100.30.05.20153

0

Конструкцијата на објектот е класична армирано-бетонска. Основни елементи на конструкцијата на надземниот дел се:

-   лабораториски блокови со ширина 21 м или 28 м и должина од 49 м до 87 м;

-   надворешен прстен со должина на периметар 880 м и радиус 140 м и ширина 13 м, со основна намена за канцеларии и училишни простории;

-   два внатрешни прстени со ширина 11,8 и 9,8 м;

-   најголемиот дел на објектот е под метален кос покрив, со исклучок на четири сегменти кои имаат рамен покрив.12227546_1093108574047261_3967574994056364910_n DCIM117GOPRO

 За лабораториите е применет систем на безгредна армирано-бетонска меѓукатна констукција со дебелина на плочата од 450 мм, и распон 7 м помеѓу армирано-бетонските столбови. Дебелината на плочата е определена од високите прописи и барања за вибрации кои се наведени во техничката задача.

За меѓукатна конструкција на прстените е применет систем на греди, со распони од 13 м, 11,8 м и 9,8 м помеѓу монолитните греди на контурот каде распонот е од 7 до 14 м. Столбовите се поставени на пресек на кружните осовини на прстените и по правоаголна мрежа на осовини на лабораториските блокови.

Надземниот дел е разделен на дилатации на 17 конструктивни блокови.

Како правило, стабилноста на секој сегмент на објектот индивидуално е обезбедена со монолитно армирано-бетонско јадро во кое се расположени комуникации, лифтови и евакуациони степеништа.

Стабилноста на површините на двата внатрешни прстени е обезбедена со работа на порталната рамковска конструкција составена од столбови и подолжни греди со зголемена височина на пресек.

Покрај тоа, стабилноста на објектот на Централниот двор е решена со крутоста на армирано-бетонски ѕидови кои се протегаат по висина на објектот до вториот кат, при што стабилноста на конструкцијата е обезбедена со портални рамки од челични столбови и греди на покривната конструкција.

 Предраг Кочовски, дипл.инж.град.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top