Насловна / Архитектура / Град во воздух на Арата Исозаки

Град во воздух на Арата Исозаки

Арата Исозаки, јапонскиот архитект и овогодинешниот добитник на наградата Пицкер, не само што е позната по својата плодна работа на дела изградени низ целиот свет (повеќе од стотина), туку и по неговиот континуиран придонес на теоријата на урбанизмот, вклучувајќи ги и текстовите и предлозите, пишува Аrchdaily.
Токму во урбанизмот, тој развил еден од неговите најинтересни неизградени проекти: футуристички мастер план, познат како Град во воздух, во населбата Шинџуку во Токио, Јапонија.

1
На крајот од Втората светска војна во Јапонија – земја со целосна материјална и духовна реконструкција – се појавило авангардно архитектонско и урбанистичко движење, познато како Метаболизам. Јапонските архитекти почнале да го истражуваат односот меѓу човекот и изградената средина.

2
Метаболизмот го нагласувал концептот на биолошкиот раст во архитектурата, имплицирајќи дека градот, како и неговите структури се живи организми кои се развиваат заедно. Архитектурата е сфатена како битие во постојана трансформација, движење кое во својот дизајн може да ја одрази динамичната реалност.
Арата Исозаки, бил дете кога биле бомбардирани Хирошима и Нагасаки, ја сфати урбаната историја како кружно постоење. Визија која се движи од конструкцијата до уништување и обратно, ставајќи акцент на акции како што се природните катастрофи и војни кои имаат капацитет да ги уништат целите градови.

3
Иако Изозаки никогаш не бил формално дел од групата Метаболисти, неговата првична визија во шеесеттите години била поврзана со движењето. Во 1962 година тој создадал футуристички предлог кој се потпира на идејата за метаморфоза на градот: Град во воздух.
Град во воздухот е проект на капсули обесени во воздухот над цилиндрични и модуларни мегаструктури. Овие структури овозможуваат проширување и реорганизација на урбаниот простор, инкорпорирање или отстранување на единици на капсули, со цел да ги задоволат потребите на жителите во реално време. Во меѓувреме, темелите на кулите наликуваат на огромни кратери кои ги оставиле бомбите, што упатува на облаци од чад што се подигнале за време на бомбардирањето од страна на САД за време на Втората светска војна.
За Арата Исозаки , градот е предодреден да биде уништен. Урнатината е иднината на нашиот град, самата иднина е урнатина. Во процесот на инкубација, тој вели:
„Иднината на градовите се урнатините. Нашите современи градови … се предодредени да живеат само за миг. Да се откажат од својата енергија и да се вратат во инертен материјал. Сите наши предлози ќе бидат погребани. И уште еднаш механизмот на инкубација се реконституира. Тоа ќе биде нашата иднина“.

4
Во моментот кога е предложен Град во воздух, Токио ја ограничил максималната висина на градбите на 31 метар. Исозаки ќе рече:
„Токио е безнадежнен … им оставам сè под 30 метри на другите. Ако мислат дека можат да го разоткријат нередот во овој град, нека се обидат. Ќе размислувам за архитектурата и за градот над 30 метри, празен простор од 10 квадратни метри е сè што ми треба на терен. Ќе подигнам столб таму, и тој столб ќе биде и структурна колона и канал за вертикална циркулација. ”
Скоро речиси 60 години од неговото создавање, Градот во воздух е безвременска работа на Арата Исозаки . Промовиран благодарение на црно-белата фотомонтажа која преживува во времето на интернетот, проектот е декларација за архитектонските принципи: флексибилна, мобилна и способна да ги задоволи постојаните потреби и барања на своите корисници.

Испрати коментар

Scroll To Top