Насловна / Вести / До крајот на 2023 година, Србија, БиХ и Црна Гора треба да затворат вкупно 10 блокови во своите термоцентрали

До крајот на 2023 година, Србија, БиХ и Црна Гора треба да затворат вкупно 10 блокови во своите термоцентрали

Десет блокови во термоцентралите на јаглен во БиХ, Црна Гора и Србија, ќе бидат затворени до крајот на 2023 година, поради усогласување на секторот за производство на електрична енергија со правилата на ЕУ Директивата за големи ложишта. Ова се наведува во извештајот Energy Transition Tracker. Затворањето на овие блокови, со инсталирана моќност од околу 1.000 MW, ќе значи привремен прекин на работата на црногорската термоцентрала „Плевља“, а како што стојат работите, траен прекин на работата за српските термоцентрали „Колубара А“ и „Морава“. Секретаријатот на Енергетската заедница го покрена објавувањето на овој извештај, со цел да се претстави процесот на енергетската транзиција во договорните страни на Западен Балкан. Спомената Директива за големи ложишта ги одредува лимитите за емисиите на сулфур диоксид, азотните оксиди и прашина од постоечките електрани. Десетте блокови се вклучени во рамките на т.н opt-оut механизам, што е еден од моделите да се спроведе Директивата, при што им се допушта на земјите изземање на одредени големи ложишта од режимот на примена на ЕУ Директивата. Но, исклучокот не значи и одврзани раце, туку значи дека од 1ви јануари 2018 (кога Директивата стапи на сила), до 31ви декември 2023, овие ложишта можат вкупно да работат највеќе 20.000 часа. Според тоа, првата електрана која би била исклучена веќе во номеври 2020 е ТЕ „Плевља“ во Црна Гора со моќност од 225 MW. Следна е ТЕ „Колубара А“ во август 2021, каде треба да згаснат три блока. ТЕ „Какањ“ во БиХ би останала без пет блока во октомври 2021.

NERP2

Во БиХ, иста судбина ја чека и ТЕ „Тузла“ која ќе мора да затвори два блока до јули 2022 односно април 2023 година. Во Србија, при крајот на работниот век е ТЕ „Морава“ која ќе работи до јуни 2022 година. Крајот на работата на ТЕ „Колубара А“  се очекува во декември 2023 година, кога ќе биде затворен и последниот блок на оваа термоцентрала.

NERP1

За разлика од овие три земји, четири договорни страни меќу кои се наоѓа и Македонија (заедно со БиХ, Косово и Србија), одлучиле да користат уште еден модел за примена на Директивата, така што усвоиле национален план за намалување на емисии (NERP – National Emissions Reduction Plan), со кој се поставуваат горните граници на емисија за одредена група на постројки.  Во ваков случај, почитувањето на Директивата не се проверува на ниво на поединечни постројки, туку на ниво на цела група.  Според податоците од 2019 година, во најголем број случаи емисиите се повисоки од зацртаните во NERP.

NERP3

Испрати коментар

Scroll To Top