На 12.6.2026 година во амфитеатарот на Градежен факултет Скопје се одржа Свечено собрание по повод 50-годишниот Златен јубилеј на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ). Пред Свеченото собрание се одржаа и изборите на ДГКМ за претседател и за органите на друштвото, на кои проф. д-р Дарко Наков беше реизбран за претседател.

Во рамки на свеченото собрание, свои обраќања за развојот на ДГКМ во изминатите пет децении имаа проф. д-р Тихимир Николовски и проф. д-р Горан Марковски. Во рамки на истото повикани предавања поврзани со глобалните трендови во бетонските и челичните конструкции одржаа проф. Иван Игњатовиќ од Србија и проф. Примож Може од Словенија.

На крајот од свеченоста, како благодарност за придонесот за развојот на ДГКМ, беа доделени статуетки „Градежен конструктор“ на сите почесни и заслужни членови, како и на претставници на сите партнери, институции и приватни компании.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија