Насловна / Архитектура / 9 славни архитекти кои немале диплома

9 славни архитекти кои немале диплома

Сте паднале испит? Додека во разочарување го читате овој текст, можеби ви доаѓа на ум помислата дека можеби сепак не морате да завршите факултет за да проектирате како овие славни архитекти. Тоа баш и не иде така, бидејќи мора да сме свесни дека луѓе кои без формално образование и диплома стигнале високо во струката, всушност се малцинство.

1

Можеби некои можат да имаат успешна кариера без адекватна диплома и стекнато знаење, но таквите луѓе се многу ретки. Во понатамошниот текст кој го пренесуваме од ArchDaily погледнете кои славни архитекти успеале без диплома да остварат врвни кариери.

Френк Лојд Рајт

rajt1
Човекот кој Американскиот институт за архитекти во 1991. година го прогласи за „најголем архитект на сите времиња“, всушност немал диплома од архитектура, иако Универзитетот во Висконсин, кој го напуштил 1887. година, му доделил почесна диплома, доктор на фини уметности, кога бил во доцни осумдести години.
По напуштањето на факултетот по првата година на студирање, Рајт се сели во Чикаго за да стекне практично искуство како асистент на архитектот J.L. Silsbee. Пота се пријавува за работа во престижната фирма Аdler & Sullivan, каде работи шест години како приправник, а потоа во 1893. година оснива своја пракса.
Иако неговата долга кариера била обележана со скандали и трагедија, придонесот на Рајт за американската архитектура и неговата популарност секако се без преседан. За неговото скептично мислење во однос на формалното образование сведочи и неговата забелешка од 1955. година. „Образованието ви покажува што било и ве остава да заклучите за тоа што можело да биде“.

rajt

Fallingwater, Frank Lloyd Wright

Луис Саливан

salivan1
Рајтовиот „lieber meister” Луис имал формално образование, но необично. Вундеркинд и творец на прочуениот принцип „формата ја следи функцијата“, завршил средно училиште во 1872. година и бил примен на MIT, единствена архитектонска школа во Америка во тоа време.
Поради својата нестрпливост за поинтензивно стекнување со знаење, Саливан ја напушта школата и пота уследиле две пократки пракси, првата кај архитектот Френк Фурнес во Филаделфија, а втората кај инженерот архитект Вилијам Ле Барон Џени, кој бил истакната личност во развитокот на Чикашката школа за архитектура. Летото 1874. година Саливан заминува во Европа и се запишува на престижната École des Beaux-Arts во Париз, каде исто така се задржува само една година. По враќањето во Чикаго кратко работел како цртач во неколку фирми, за потао да се придружи на фирмата Dankmar Adler во која подоцна станува и партнер. Неговата четрнаесетгодишна соработка со Adler дала повеќе од сто проекти за згради, кои ги карактеризирала модерна архитектура со елементи на декоративна естетика.

salivan

Wainwright Building, Louis Sullivan

Ле Корбизје

lekorb
Дури и прочуениот Корбизје немал диплома од архитектура. Швајцарскиот архитекта и урбаниста, како млад почнал да учи занает на емеајлирање и гравирање часовници од својот татко. На 15 години се запишал на École des Arts Décoratifs, а три години подоцна неговиот професор по историја на уметност, инсистирал момчето да стане архитекта. Токму тој му помогнал да добие прва пракса на локални проекти, а во наредните години го упатил во градовите ширум Европа во кои Корбизје стекнувал знаење во неколку архитектонски бироа: Auguste Perret, Париз (1907), Josef Hoffmann, Виена (1908) и Peter Behrens, Берлин (1910-11). Потоа во 1912. година се враќа во својот роден град, за да подучува заедно со својот професор и отвори сопствена архитектонска пракса, пред да се одсели во Париз во 1917. година.

korbizje

Villa Savoye, Le Corbusier

Мис ван дер Рое

miz1
Човекот за кого се врзува популарниот израз „помалку е повеќе“ израснал во скромна фамилија на каменорежачи во Германија. Општествената и финасиската ситуација не му дозволувала формално образование. По својот прв приправнички стаж како ѕидар, Мис работел за бројни архитекти од Ахен, каде во најголема мера цртал орнаменти на згради, што придонело за неговата цртачка вештина. Во својата 19 година се сели во Берлин, каде неговиот самостоен проект Riehl House предизвикал интересирање кај Питер Беренс, кој потоа му понудил и работа во неговата фирма.
Нивното четиригодишно дружење му помогнало на Мис да воспостави многубројни конекции со истомисленици и занаетчии, кои се залагале за „брак меѓу уметноста и технологијата“. Откако во 1912 година го напуштил Беренс, започнал самостојно да проектира куќи за берлинската елита.

mis

Farnsworth House, Mies van der Rohe

Бакминстер Фулер

baki1
Фулер кој се смета за еден од најголемите умови на нашето време, бил исфрлен од Харвард дури два пати и никогаш не дипломирал. Тој своите животни околности детално ги претставил на едно предавање во 1961. година кога раскажал: „Мојот татко почина кога бев многу млад и со оглед на тоа дека моето семејство беше релативно сиромашно не се уклопив адекватно на Харвард, на кој беа запишани млади од добростоечки фамилии. Не можев да бидам вклучен во клубови во кои и ќе можев да пристапам да бев богат и да имав татко кој ќе внимава на мене. Бев во паника поради распаѓањето на моето идеално верување за Харвард, па така поради мојот став предизвикан од околностите, бев исфрлен. После тоа се запослив и напорно работев. Извештаите за мојата работа и пофалбите дека сум способен и добро момче стигнаа и на Хардвар, па така тие повторно ме примија на Универзитетот. Меѓутоа, повторно ги почувствував класните разлики, се чувствував како дисидент и на крајот на годината повторно бев исфрлен.
Повторно се запослив и напорно работев. Да не се случеше Првата светска војна, сигурен сум дека универзитетот повторно ќе ме вратеше и повторно ќе ме исфрлеше. Секој пат кога се враќав на Харвард влегував во свет на гнасни стравови, а не во образовна установа и тоа всушност беше проблемот.“

baki

Montreal Biosphere, Buckminster Fuller

Луис Бараган

baragan1
Мексичкиот архитекта, добитник на наградата Прицкер, чија работа е карактеризирана како минималистичка, емотивна и мистична, ја посетувал Escuela Libre de Ingenieros (Free School of Engineers), каде дипломирал 1923. година.Сепак во праксата работел работа постручна од своето звање. За време на посетата на изложбата 1925. година во париз, Луис се забоснал со работата на францускиот пејзажен архитекта и илустратор Ferdinanda Baka, со кој, како и со Корбизје се среќава шест години подоцна. Токму овој двоец на прочуени архитекти имал големо влијание на понатамошната работа на Луис.

bargan

Casa Gilardi, Luis Barragán

Карло Скарпа

Carlo_Scarpa_1954
Човекот кој е познат по својот специфичен пристап кон архитектурата и дизајнот ја посетувал Royal Academy of Fine Arts во Венеција, која и ја завршил како дипломиран непрофесионален професор по архитектонско цртање, што му оневозможувало самостојно да се занимава со архитектура.
Својата кариера ја започнал како професор по архитектонско цртање на венецијанскиот Royal Superior Institute of Architecture. Дури по Втората светска војна добива звање архитект, во најголема мера како признание за успешната работа на реновирањето на Кастелвекио во Верона.

skarpa

Central Pavilion in the Giardini at the Venice Biennale, Carlo Scarpa

Тадао Андо

ando1
Јапонскиот архитект, добитник на наградата Прицкер, во младоста бил професионален боксер. Балгодарение на својот наставник по математика, како и локалните столари, Тадао се заинтересирал за архитектура. Меѓутоа, тој не бил во можност да си дозволи универзитетско образование, па одлучил самостојно да се образува. Читал книги од областа на архитектурата, посетувал вечерно училиште и ги посетувал и проучувал зградите во Јапонија и во странство, кога бил во можност. По години неформално стекнување со знаење и вештини, Тадао отворил самостојна архитектонска пракса во 1969. година на свои 29 години.

ando

Langen Foundation, Tadao Ando

Петер Цумтор

cumtor1
Уште еден добитник на наградата Прицкер, роден во Базел, го отпочнал своето стручно школување на Basel Arts and Crafts School, каде го подучувале професори кои припаѓале на Баухаус. По завршување на школата Цумтор кратко го посетувал њујоршкиот Prat Institute, каде учел за индустрискиот дизајн. По враќањето во Швајцарија, почнува да работи во одделението за зачувување на споменици во Граубунден. Дури по 12 години отвара сопствена пракса.
Цумтор често гордо истакнувал дека никогаш не се стекнал со звање архитекта, објаснувајќи го тоа на следниот начин:„Мис ван дер Рое, Ле Корбизје потекнуваат од традицијата во која архитектите сеуште знаеле како се работите направени и како да се направат добро. Архитектите сега сакаат да бидат филозофи или уметници“.

cumtor

The Therme Vals, Peter Zumthor

Испрати коментар

Scroll To Top