Насловна / Вести / 11. Советување за водостопанство и хидротехника: Искуства и знаења значајни за помладите кадри

11. Советување за водостопанство и хидротехника: Искуства и знаења значајни за помладите кадри

Здружението „Македонски комитет за големи брани“ (ЗМКГБ или MACOLD), кое претставува еден од главните стожери на хидротехниката во Република Македонија, го организираше 11. Советување за водостопанство и хидротехника, на кое присуствуваа околу 120 учесници од земјава и од странство. Во три работни сесии, имаше успешни презентации и интересни дискусии по рефератите. Сето тоа овозможи размена на искуство и знаење, особено значајно за помладите кадри од водостопанската и хидротехничката фела, што претставува основна мисија на ваквите настани.02dsc_0645-petkovski

Темите опфатени со рефератите се однесуваа на: Инженерската етика и професионалност во ХТ, ВС и ХЕ планирање; Хидролошки, хидрографски и хидраулички анализи; Оперативни правила за регулирање на протекувања; Влијанието на хидросистемите врз ЖС; Санацијата на брани; Оскултација на брани; и Комунална хидротехника.

Ова Советување беше неопходно за сите што се инволвирани во хидротехниката и водостопанството, како од научници до практиканти, така и од проектанти до изведувачи и оператори со изградените хидросистеми. Организаторите сметаат дека Зборникот посветен на 11. Советување, во кој има 19 реферати, ќе претставува трајно наследство за идните генерации, пред сè да се запознаат со водостопанските и хидротехничките проблеми и начините како тие биле совладувани од страна на денешната генерација на инженерската фела. Покрај теорискиот дел на Советувањето, успешно беше спроведен и практичниот дел. Учесниците направија стручна посета на хидројазелот Козјак.09dsc03720-kruna

Потребата од одржување на 11. Советување за водостопанство и за хидротехника е заради исполнување три цели, кои во моментов го привлекуваат вниманието на сите што се инволвирани во овие области. Како прво, денешната генерација водостопанственици и хидротехничари ја имаат одговорноста да ја одржат оваа вредна традиција, возобновена со 10. Советување, и да не дозволат нејзино повторно замирање. Ваквите советувања се незаменливи зашто обезбедуваат на едно место да се состане водостопанската фела и во сериозни презентации и дискусии на сесиите, но и во неформална порелаксирана атмосфера, да ги идентификува и разреши проблемите од административен и од технички карактер. Второ, во последните неколку години инженерите се судираат со проблеми поврзани со начинот на финансирање (од меѓународни финансиски институции) и условувањата при проектирањето и градбата (од странски компании) на капитални хидротехнички објекти. Овие проблеми придонесоа, практично, да се стопира реализацијата на неколку хидросистеми во Македонија, кои се исклучително значајни за развојот на нашата земја, како што се: Луково Поле, Бошков мост, Чебрен и Галиште, Вардарска Долина и други. 10dsc03740-andrej

И трето, преструктурирањето на водостопанството со формирањето на а.д. „Водостопанство на Македонија“ во ноември 2015 година. Со централизацијата на водостопанската дејност се очекува навремено детектирање на проблемите и преземање мерки за нивно надминување, како и поефикасно остварување соодветни стратегии, програми и активности за инвестициско вложување во хидросистемите.06dsc_0680-samardzioska 08dsc_0695-josifoski

На свеченото отворање на Советувањето, поздравен збор беше даден од проф. Љупчо Петковски, претседател на ЗМКГБ и претседател на Организациониот одбор на Советувањето. На учесниците на Советувањето им се обратија и Михаил Цветков, министер за ЖСПП, потоа, Ромео Тренов, директор на новоформираното АД Водостопанство на РМ, проф. Соња Лепиткова, државен секретар за животна средина на МЖСПП на РМ, проф. Тодорка Самарџиоска, продекан за наука на Градежниот факултет во Скопје, и Блашко Димитров, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р. Македонија.01dsc_0652-sala

Пишува: проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје

Испрати коментар

Scroll To Top