Насловна / Вести / Со воз од Лондон до Токио

Со воз од Лондон до Токио

Pruga-Anglija-Rusija-Japonija
Патниците наскоро ќе можат да патуваат од Лондон до Токио преку транссибирската железница, рута долга 13.518 километри. Се работи за амбициозен предлог на руската влада, кој предвидува и изградба на мост долг 45 километри за да се овозможи премин на пругата преку Источното Море.  Со појдовна точка во Лондон, патниците ќе ја минат Русија пред да стигнат до крајното одредиште Ваканаи во Јапонија.
Pruga-transibirska-zeleznica
Предлогот е опишан како „историски мост“, заради пропустот на Москва и Токио да постигнат договор и официјално да му стават крај на антагонизмот по Втората Светска војна, кога Сталин во 1945година ги спои Курислките острови кон тогашен СССР. Оттогаш овие острови се предмет на територијален спор меѓу двете држави.
Плановите за новата железничка врска се претставени на Источниот економски форум во Владвосток. Се смета дека идејата на Путин е преку овој инфраструктурен проект да ги поттикне инвестициите на крајниот исток на Русија.
Pruga-magistrala-transibirska
Во моментот, патниците можат да патуваат со транссибирската железница од Пекинг преку Монголија до Москва. Патувањето трае нешто помалу од 15 дена, а турата е исклучително популарна кај туристите и студентите кои сакаат авантура. 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top