Насловна / Вести / Во Дебар Маало ќе се вози најмногу до 30 км/ч

Во Дебар Маало ќе се вози најмногу до 30 км/ч

debar maalo

Општина Центар започнува со проектот „Зона на мирен сообраќај“, со што се ограничува брзината на движење на автомобилите во реонот на Дебар Маало до 30 километри на час.

Како што се наведува во соопштението од Центар причина за ваквата одлука се зачестените сообраќајни несреќи со човечки жртви, густиот сообраќај, како и зголемената потреба од подигање на нивото на безбедност на граѓаните во централното градско подрачје.

– Со добивањето на Решението, Центар е првата општина во Република Македонија која воведува ваква мерка, која е и препорака од Европската Унија, соопштуваат од Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top