Насловна / Вести / Велосипедско дефиле од Порта Македонија до Градски парк

Велосипедско дефиле од Порта Македонија до Градски парк

Од Порта „Македонија“ денеска ќе почне велосипедско дефиле кое ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.

Ова традиционално дефиле по повод 22 септември – Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2017, ќе стартува во 10 часот.ENM-Velo-defile-mapa

Велосипедистите ќе се движат по улицата „Димитрие Чуповски“, булеварите „Кочо Рацин“, „Крсте Петков Мисирков“, „Гоце Делчев“, „ВМРО“, „Партизански одреди“, „8-ми Септември“ и булеварот „Илинден“.

На велосипедското дефиле ќе се приклучи и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Во Градскиот парк ќе биде организирана забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди како симбол на користење алтернативни превозни средства.

Испрати коментар

Scroll To Top