Насловна / Вести / Прва станица за полнење на електрични возила во Македонија

Прва станица за полнење на електрични возила во Македонија

Edison pumpa

Македонија ја доби првата станица за полнење на електрични возила.Таа се наоѓа во Парк Хотел и Спа. Прва која го употреби новиот полнач беше еврокомесарката Виолета Булц. Патем, таа присуствуваше и на конференцијата на тема: Проект » Edison eSkopje «, во соработка со Сојузот на Ротари Клубовите од Македонија. На конференцијата се обрати и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, а тематска презентација имаше Изток Селјак – Хидриа / Словенија – »Edison eSkopje« и Марко Фемц претставник од Планет – нет / Словенија.

- Користење на електричните возила претставува ефективно решение и начин на кој секој од нас ќе помогне во заштитата на животната средина и притоа ќе придонесе кон постигнување на стандардите од Парискиот договор за намалување на глобалното затоплување – со ваков став излезе заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во воведното излагање на настанот.

1

При тоа Макрадули потенцираше дека Македонија има потенцијал за вклучување во овој „европски зелен коридор“ и дека за тоа е неопходна масовна интегрирана сеопфатна акција од сите чинители реализирана преку партнерство помеѓу владата, здруженијата на граѓани, бизнис секторот, но и секој поединец во државата.

Проектот ЕДИСОН (Еколошко возење иновативни решенија и вмрежување) е регионален проект за електрификација на автопатиштата во регионот и има за цел да обезбеди масовно прифатлива електрична мобилност во регионот со регионално развиени решенија за тоа.

5

“Сакаме да ја поттикнеме и индустријата да се вклучи во овие трендови – изјави Изток Селјак, координатор на проектот „Едисон“ преку кој се очекува да се електрифицираат автопатишатата во регионот. Токму затоа е формиран проектот „Едисон“ кој здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела ЈИЕ преку концептот „Едисон е-сити“ со лансирање инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зелени такси, каршеринг, а сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи „Едисон“ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри„ – изјави Изток Селјак.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top