Насловна / Вести / Парк шумата „Гази Баба“ ќе добие нова трим патека

Парк шумата „Гази Баба“ ќе добие нова трим патека

trim staza za gazi baba

Од денеска почна акцијата за уредување на парк шумата „Гази Баба“ во делот што гравитира кон општина Чаир.

Екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе ја расчистуваат дивоизградената вегетација, а ќе се гради и нова трим патека што ќе се протега од Природно-математичкиот факултет кон населбата Железара.

Трим патеката ќе биде долга 1.100 метри, а широка од 2,6 до 3 метри, во зависност од условите на теренот. Ќе се постават клупи и корпи за отпадоци, а ќе се уредат и три пунктови со фитнес реквизити, видиковци, игралишта за деца и фонтана за пиење вода. Дополнително, покрај куќите, ќе се уреди и уште една трим-патека со должина од околу 600 метри, која ќе биде осветлена.

За уредувањето, Градот Скопје ќе вложи околу четири милиони денари.

Испрати коментар

Scroll To Top