Насловна / Вести / Парк „Al – Azhar“: Урбана зелена оаза во срцето на Каиро

Парк „Al – Azhar“: Урбана зелена оаза во срцето на Каиро

Kairo park Az Ashar1

И по 12 години од отворањето, паркот „Al – Azhar“ силно поттикнува позитивни промени во целиот регион. Изграден на некогашна депонија, овој парк му пружа на Каиро вистинска оаза во сaмиот центар на метрополата. Прегрнувајќи ги бреговите на Нил, Каиро низ вековите бил познат како град на градини. Но, како резултат на големите миграции на населението од руралните краишта, овој град во осумдесетите години од минатиот век, почнува да ги губи своите паркови под притисок на потребата од поголем резиденцијален простор.

Kairo park Az AShar

Веќе кон крајот на деведесеттите, парковите биле вистинска реткост и привилегија само на елитниот дел од Каиро. Денес, Каиро претставува еден од најголемите градови на африканскиот континент,а според податоците на агенцијата Reuters, брои околу 23 милиони жители, и претставува дом на една четвртина од населението на Египет.

Kairo Park Az Ashar2

Настојувајќи да го подобри квалитетот на животот во пренаселениот град, фондацијата  „Aga Khan“, одлучила да создаде модерни и одржливи „бели дробови“ на градот. Притоа, пронајдена е соодветна локација во депонијата со површина од 33 хектари, стара петстотини години, во непосредна близина на стариот град. Депонијата е целосно дислоцирана, ископани се бунари со свежа вода, изградени се патеки, шеталишта , фонтани, ресторани, вештачки канали и езера.

Kairo park Az Ashar3

И конечно, со цел овој парк да има вистински традиционален исламски пејсаж, посадени се 650.000 разновидни билки.  Инвестицијата чинела 25,5 милиони евра.  Влезот во паркот се наплаќа и на тој начин се обезбедуваат средства за неговото одржување. Паркот „Al-Azhar“ станал модел за бројни слични проекти во други делови на светот како „Forodani Park“ во Занзибар и „Garden of Babur“ во Кабул.

Kairo park Az Ashar4

Организацијата „Aga Khan“ сега е пред нов предизвик, односно на чекор до потпишување на договор за управување со паркот во следните 25 години. За жал доколку тоа не се случи, судбината на паркот може да стане прилично неизвесна.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top