Насловна / Вести / Новиот правилник за води ќе се применува од 20 јули

Новиот правилник за води ќе се применува од 20 јули

Изготвен е нов правилник за квалитетот и безбедноста на водата за капење кој ќе биде готов и ќе почне да се применува од 20 јули.

Како што пишува „Утрински весник“, новиот правилник за квалитет на површински води според кој водата во Дојранско Езеро е незагадена, ќе почне да се применува од идната среда. Дотогаш од Државниот здравствен санитарен инспекторатвелат дека забраната за капење ќе важи.кеј дојран

Според новиот правилник, повеќе ќе нема вода од прва или трета категорија, туку за квалитетот на водата ќе има четири состојби, одлична, добра, задоволителна и незадоволителна. Повеќе нема да се испитуваат сите бактерии од фекално потекло, туку само најпатогените, како ешерихија коли и енетерококус фекалис, а сменети се и граничните вредности за бактеријата ентерококи и ешерихија коли, според кои се одредува дали водата е за капење или не.

Забраната за капење на четирите плажи во Дојран и понатаму е на сила.

Испрати коментар

Scroll To Top