Насловна / Арт и дизајн / Музејот на прекинати врски во еден од најголемите уметнички центри

Музејот на прекинати врски во еден од најголемите уметнички центри

muzej na preikinati vrski_2

Познатата хрватска и меѓународна збирка „Музеј на прекинати врски“, ова лето е гостин на три локации –  Брисел, Лондон и Тајван. Еден од познатите уметнички центри во Лондон, Southbank Centre, кој се наоѓа на јужниот брег на Темза, како дел од својoт Фестивал на љубовта  е домаќин и на овој познат Музеј на прекинати врски. Тоа е фестивал кој ќе трае до 31 август, а на него учествуваат стотици уметници, здруженија и партнери, кои ја слават легализацијата на Законот за истополови бракови.

muzej na preikinati vrski_4

Од околу 30 зборови коишто Грците ги користеле за да ја опишат љубовта, седум им послужиле како инспирација за фестивалски настани и теми – агапе, сторге, прагма, philautia, филија, ерос и лудус.

Освен во Лондон, Музејот на прекинати врски во исто време гостува во Брисел, во просториите на Parlamentarium, до октомври 2014 година, и на Тајван во познатата меморијална сала „Чанг Кај-шек“.muzej na preikinati vrski_3 muzej na preikinati vrski_1

Испрати коментар

Scroll To Top