Насловна / Вести / Интензивно се гради првиот објект од студентскиот кампус на универзитетот „Св. Апостол Павле“

Интензивно се гради првиот објект од студентскиот кампус на универзитетот „Св. Апостол Павле“

apostol pavle kampus (2)

Привршуваат активностите од првата фаза за преадаптација на поранешниот објект на касарната „ Михајло Апостолски“ во кој наскоро се очекува да се пресели универзитетот „ Св. Апостол Павле“, со што просторот ќе добие статус на универзитетски камп, информира OhridNews.com.

– Задоволен сум од динамиката со која се вршат градежните активности. Досега министерството за образование во овој објект има инвестирано повеќе од 40 милиони денари, тоа е само завршеток на правата фаза, по што ќе следуваат и другите две фази . Наредните денови се очекува да се започне со поставување на инсталациите за греење и верувам дека во скоро време во првиот објект  ќе започне преселувањето, рече заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски кој го посети објектот.apostol pavle kampus

Ректорот на универзитетот, професор д- р Нинослав Марина потенцира дека студентскиот кампус на студентите ќе им понуди низа поволности не само во однос на условите за следење на настава и учење, туку и при искористувањето на нивното слободно време.

– Ова  е голем чекор во натамошниот развој на универзитетот, нов концепт, кампус за прв пат во Македонија во кој сите студенти покрај тоа што ќе студираат далеку од градската врева,  ќе им се нудат и бројни нови содржини и активности, нагласува Ректорот Марина.

Кампусот ќе се протега на околу 4000 метри квадратни. Предвидена е изградба и на спортска сала, како и на терени за тенис и други спортски активности.

Испрати коментар

Scroll To Top