Насловна / Арт и дизајн / Инсталација на „Тајмс Сквер“ која го истражува поимот „Америка“

Инсталација на „Тајмс Сквер“ која го истражува поимот „Америка“

this is not amerika_1

Уметникот Alfredo Jaar со својата работа сака да предупреди дека врежаниот термин „Америка“ не подразбира исклучиво САД. Америка во себе ги спојува двата континента – Северна и Јужна Америка, а многумина тоа го забораваат користејќи го терминот „Америка“ за означување на САД. Современиот американски уметник Alfredo Jaar, по потекло од Чиле, се занимава со социјално и политички обоена уметност.

this is not amerika_3

Во соработка со музејот „Гугенхајм“, на Тајмс Сквер ќе биде поставено неговото дело Logo for America од 1987 година, коешто од 1 август секој ден на полноќ ќе се репродуцира на сите рекламни паноа на овој плоштад. Се работи за проект кој е дел од изложбата, што ќе биде отворена во месец октомври, под наслов Under the Same Sun: Art from Latin America Today.

this is not amerika_2
Инсталацијата ќе се состои од неколку различни светлечки панели, вклучувајќи ја и онаа со натпис This is not America, со која авторот сака да истакне дека со зборот „Америка“ не може да се опишува само САД, што стана врежана практика. Ова лого, како што напишавме, првпат претставено на јавноста во 1987 година, и денес, 27 години подоцна, не дошло до промена во размислувањето.

Испрати коментар

Scroll To Top