Насловна / Вести / Голф терени ќе никнат во Зелениково

Голф терени ќе никнат во Зелениково

golf zelenikovo

Голф терени на површина на 65 хектари земјиште ќе никнат во општина Зелениково. Површината наменета за оваа спортска рекреација се подготвува, а во моментов се бараат инвеститори кои ќе го изградат спортскиот комплекс. Градоначалникот Веле Груевски за „Вечер“ вели дека триесетина километри од Скопје, Зелениково е општина во развој, која ќе се развива во областа на индустријата, туризмот, изградбата на спортски објекти и изградба на домови за живеење. За поврзаност на општината до другите скопски општини има пат кој е поврзан со општина Аеродром, редовен автобуски превоз на ЈСП кој стигнува до сите населени места, а оттука поминува и меѓународна железничка станица која се обраќа на релација Скопје – Солун.

Испрати коментар

Scroll To Top