Насловна / Вести / Дизајнерски дом по мерка на современи уметници

Дизајнерски дом по мерка на современи уметници

Кога на еден архитектонски проект ќе се спои работата на славниот Френк Гери, познатото американско студио Dan Brunn Architects и идеите на еден визуелен уметник, јасно е дека може да се очекува сјаен резултат.

Имено, токму еден млад визуелен уметник со семејството купил резиденција дизајнирана од страна на Френк Гери во седумдесеттите години на минатиот век и тие сакале да ја приспособат на својот вкус.дом_7

Резиденцијата Hide Out се наоѓа во тивок кварт на Осака во Лос Анџелес, а нејзините претходни сопственици биле уметничките колекционери Едвин Јанс и неговата сопруга Ен.дом_1

Затоа е сосема јасно зашто во оваа куќа уметноста е предодредена како суштински мотив на живеење. Естетиката со која архитектите од Dan Brunn Architects ја преуредувале куќата е главно минималистичка, со цврст дизајнерски потпис кој се очитува и во најмалите детали.дом_3

Она што е особено интересно е фактот што новиот сопственик посакал во куќата да се пронајде простор за неговото студио во кое ќе работи, додека големи површини на ѕидовите се користат за да ги изложи своите дела кои често ги менува.дом_6

Во повеќето од просториите доминира белата боја и рамните површини, но постои и цел еден дрвен дел замислен како lounge, чии стаклени ѕидови овозможуваат благотворен поглед на градината.дом_8 дом_5 дом_4 дом_2

Испрати коментар

Scroll To Top