Насловна / Арт и дизајн / Charlotte Olympia произведе модни додатоци дизајнирани во соработка со Заха Хадид

Charlotte Olympia произведе модни додатоци дизајнирани во соработка со Заха Хадид

Модниот бренд Charlotte Olympia произведе пар чевли и чанта, кои се проектирани во соработка со покојната архитектка Заха Хадид.заха1

Изработени од перспек со акцент на розово злато, чевлите со високи потпетици на платформа и проѕирната чанта имаат форма која упатува на скулптуралниот стил на Заха Хадид.заха2

Charlotte Dellal основачката на Charlotte Olympia се запознала со Заха Хдит во 2015 година и одлучиле да соработуваат на луксузна модна конфекција.заха3

Сопствениот бренд на Хадид, Zaha Hadid Design претходно соработувал со  Chanel, Louis Vuitton и Donna Karan.

Откако Заха Хадид почина, минатата година на 65 годишна возраст, Charlotte Olympia продолжи да работи со Zaha Hadid Design за реализација на новата колекција.заха5

„Секогаш сме задоволни од работата со клиенти кои ја делат нашата страст за смел дизајн и необична изработка“- изјави директорот на Zaha Hadid Design, Maha Kutay, додавајќи „Charlotte Olympia и нејзиниот тим маестрално ги преточија нашите идеи во реалност во две фантастични дела од врвен квалитет”.заха4

„Заха Хадит беше фантастична личност која знаеше и умееше, а нејзината работа и естетика секогаш за мене се извор на инспирација“ изјави Charlotte Dellal

Производите се со лимитирано производство, чевлите чинат 1.600 фунти, а чантата 2.600 фунти.заха6

Двата производи доаѓаат во црна амбалажа со акцент на розево злато – уште една референца за кривулестите кривини, фаворизирани од британската архитектка родена во Ирак.

Колекцијата ќе биде достапна од 21 ноември во малопродајните објекти на Charlotte Olympia и онлајн.

Испрати коментар

Scroll To Top