Насловна / Вести / Бугарија сака да ја намали зависноста од рускиот гас

Бугарија сака да ја намали зависноста од рускиот гас

gasovod stanica za kom[rimiran gas
Бугарија планира да гради терминал за природен гас, кој би требало да го осигура снабдувањето со енергија на Југоисточна Европа откако Русија го стопираше проектот Јужен тек. Како најсиромашната земја во ЕУ дојде на оваа идеја? Бугарија во енергетскиот сектор во целост е зависна од рускиот гас. Истовремено, постојат разлики во мислењата меѓу Москва и Софија за гасоводот Јужен тек. Со негова помош гасот од Русија преку Бугарија би требало да биде транспортиран во ЕУ, при што би се избегнала територијата на Украина во која се водат вооружени борби.

BULGARIA-GAS-COMPRESSOR-STATION
Меѓутоа, руската влада по политичките несогласувања во декември го запре проектот. Бугарскиот премиер Бојко Борисов на енергетскиот форум во Софија го претстави проектот за изградба на складиште за гас, кој чини 2,2 милијарди евра. Овој проект би требало да овозможи потесно поврзување на регионот со европскиот пазар на гас. Голем дел од вкупното количество гас за ова складиште, 63 милијарди кубни метри, би доаѓал од Русија, а помали количества од Бугарија, Романија и регионот околу Каспиското Море. Oвој гас би можел во еден дел да ги снабди Бугарија и Романија, додека 43 милијарди кубни метри би биле проследени понатаму во насока на централна Европа. Помало количество би можела да добие и Србија. Бугарската влада предвидува дека би требало да се изградат 844 километри нов гасовод, вклучувајќи ги и гасоводите од соседните земји. Владата во Софија се надева дека средствата за реализација на овој проект би биле издвоени од инвестицискиот план на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

http://stateimpact.npr.org/pennsylvania/files/2012/12/1531100541.jpg

http://www.bulgartransgaz.bg/files/galleries/image/file-69-232.JPG

 

Испрати коментар

Scroll To Top