Насловна / Вести / 21 процент успешност на акцијата „Ден на дрвото“

21 процент успешност на акцијата „Ден на дрвото“

ЈП „Македонски шуми“ денес објави каде, како и за колку пари се реализирала акцијата „Ден на дрвото“. Од претпријатието велат дека локациите каде се вршело пошумувањето биле несоодветни за пошумување и повеќе од површините се пошумувани повеќепати.
„Македонски шуми“ изјавуваат. „Бевме задожени да бараме локации за пошумување покрај населени места и блиску до пристапни патишта, како и косини покрај автопатиштата и средишниот простор на автопатиштата, покрај езерата и сл. Најчесто овие површини беа несоодветни за пошумување со шумски видови садници. Повеќето од површините се пошумувани повеќепати (во повеќе акции)“
Финансиската анализа направена од страна на претпријатието покажува дека за периодот од 2008 до 2016 година за оваа акција потрошени биле 1.100.701.431,6 денари, од кои 297.235.394,9 денари од буџетски средства од Министерството за земјоделство, а 31.976.705,00 денари од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој за набавка на палми. Од буџетот на претпријатието „Македонски шуми“ потрошени се 771.489.331,8 денари.
Од вкупно засадените 35.211.986 садници успеале само 21 процент или 7.394.518 садници.
Од „Македонски шуми“ посочуваат дека и пред акцијата „Ден на дрвото“ вршени се редовни пошумувања и оти во периодот од 2002 до 2007 година пошумувана е поголема површина.
„Македонски шуми“ најавуваат дека ќе продолжи со натамошно пошумување и озеленување на територијата на Македонија, но не на начин на кој досега се спроведувало преку акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.

дрво

Испрати коментар

Scroll To Top