Насловна / Архитектура / Зеиц МОЦАА најомилениот награден проект на Цивик Траст наградите за 2019 година

Зеиц МОЦАА најомилениот награден проект на Цивик Траст наградите за 2019 година

Цивик Траст наградите (Civic Trust Awards) оваа 2019 година го одбележуваат 60-годишниот јубилеј од своето воспоставување во далечната 1959 година и континуирано постоење до денес. Како резултат, оваа Англиска награда за архитектура и изградена средина е најдолгата континуирана награда во Европа во овој домен, и е една од најважните и најпрестижните.

776_4__HR_ZeitzMOCAA_HeatherwickStudio_Credit_Iwan-Baan_Exterior-at-dusk-copy_V2-e1504048657317

Во оваа јубилејна година доделени се пет специјални награди, 26 награди и 36 признанија.  Добитници на овогодишните специјални награди се:

Железничката станицата лондонски мост во Саутварк, Лондон (London Bridge Station, Southwark) на Гримшо (Grimshaw) добитник на специјалната награда за сообраќај и инфраструктура;

Киното Палас во Галовеј, Република Ирска, (Pálás, Galloway) на Де Паор архитектс (dePaor Architects) добитник на специјалната награда за придонес кон и вклученост на заедницата;

Центарот Сјамон Сеинсбури при Кембриџ Џаџ бизнис-школата во Кембриџ (Simon Sainsbury Centre, Cambridge Judge Business School) на Стантон Вилијамс (Stanton Williams) добитник на специјалната награда Мајкел Миделтон (Michael Middleton).  Оваа награда се доделува во чест на основачот на Наградата Цивик Траст.

Центарот на заедницата Стори Филдс  и градинката Едингтон во Кембриџ (Storey’s Field Centre) на МУМА (MUMA) добитник на специјалната награда за одржливост; и

Музејот на современа уметност Зеиц МОЦАА во Кејп Таун, Јужна Африка (Zeitz MOCAA, Cape Town), на Хетервик студио (Heatherwick Studio) добитник на специјалната награда на националното жири.

776_2_HR_ZeitzMOCAA_Heatherwick_Studio_Credit_Iwan_Baan_Exterior

Добитникот на специјалната награда на националното жири, Музејот за современа уметност Зеиц МОЦАА во Кејп Таун, Јужна Африка, е исклучителен проект во кој покрај проектантот Хетервик студио биле вклучени и три извршни архитекти: ВДММА (VDMMA), Рик Браун асошеитс (Rick Brown Associates) и Џејкобс партнерс (Jacobs Partners). Новиот музеј, завршен во 2017 година, е лоциран на самиот брег во живописниот историски дел на Тејбле Беј (Table Bay) Заливот во Кејп Таун којшто излегува на Атлансткиот Океан и претставува адаптација и пренамена на постоен објект. Како појдовна градба за музејот послужил 57 метри висок силос за житарици оригинално изграден во 1921 година, а напуштен во 2001 година, кој во меѓувреме станал заштитен објект на градителско наследство. Карактеристиките на овој објект се појавиле како еден од примарните предизвици во овој проект. Имено, како силос за житарици, објектот бил составен од 42 вертикални цилиндри (цевки) на индивидуалните силоси со 17 сантиметри дебели бетонски ѕидови коишто меѓусебно се допираат.

heatherwick-architecture-cultural-galleries-v-and-a-south-africa-interior_dezeen_sq-1

Комбинацијата на вертикална ќелиска структура на бројните индивидуални силоси во принцип се коси со потребите на еден музеј за поголеми хоризонтално поврзани простори.  Проектантите го надминале овој проблем преку иновативна примена на новите технологии за сечење на бетон во комбинација со традиционални занаетчиски вештини. Така тие развиле концепт според кој во центарот на постојниот објект бил оформен атриум преку издлапчување на внатрешноста на објектот. Вака концепираниот атриум ефективно го создал „срцето“ на објектот, но истовремено визуелно оформил експресивен внатрешен простор којшто може да се спореди со оној на величествена катедрална црква со сводови. Ова овозможило галериските простори да се лоцираат по периферијата на атриумот. Катедралниот впечаток на атриумот дополнително е нагласен со кровот од рамно стакло со кој се затворени „цевките“ на индивидуалните силоси  одозгора, а преку кои се носи природно осветлување во внатрешноста на објектот.

sculpture-zeitz-museum-cape-town-south-africa-timbuktu-travel

Волуменот на внатрешниот атриум всушност го претставува волуменот на едно зрно од пченка зголемено доволно за да го исполни 27-метарскиот волумен на објектот наменет за атриумот. Ваквиот пристап резултирал во илјадници тридимензионални координати коишто со клинци биле одбележани на површината на постојните ѕидови на цилиндрите на индивидуалните силоси за да се знае до каде истите треба да се исечат, а коешто претставувало исклучителен предизвик.

Mark Williams

Ископувањето на внатрешниот простор не само што овозможило да се оформи атриумот и галериите, туку и да се унифицираат двата дела на оригиналниот објект. Понискиот во кој биле силосите, и повисокиот во кој се вршело сортирањето на житарките. Вертикалното поврзување на катовите е постигнато со цилиндричен лифт и спирални скали.

776_3_HR_ZeitzMOCAA_HeatherwickStudio_Credit_Iwan-Baan_View-of-Zeitz-MOCAA-in-Silo-Square

За да се надмине неминовното ослабување на скоро век старата бетонска конструкција на објектот преку сечењето и издлабчувањето на истата, преостанатите елементи по внатрешниот обем на атриумот биле обложени со армиран бетон за да се очува и подобри стабилноста. Особено невообичаен е пристапот кон новите прозорци коишто биле вградени во постоечката структура на горниот дел на објектот и кулата. Станува збор за прозорци во форма на перници коишто се испакнуваат надвор од основната површина како да се наполнети со воздух однатре. Навечер, тие осветлени, го трансформираат објектот и создаваат впечаток на ламба која го осветлува заливот.

London_January_5_2018_(47)_London_Bridge_Station_(38813334494)

Железничка станица во Саутварк, Лондон

Според жирто: „Ова е егземпларен проект, кој земал постојна напуштена зграда и ја модифицирал за да создаде нова која ќе служи за друга намена. Ова било направено со  почитување на оригиналната намена на објектот, но пристапот не бил само да се работи со она што оригинално било таму, туку да се види како може да се адаптира за да се создаде нешто со наполно нов карактер.  Едноставно инспирирана адаптација на постоечки објект којашто овозможила да се зачува историска и исконска градба. Наполно смел и уникатен проект. Архитектот одговорил на предизвикот да се создадат подеднакво драматични интервенции.“

Galway-cinema-by-dePaor-Architects_dezeen_784_2

Киното Палас во Галовеј, Република Ирска

Во рамките на овој комплекс од 9.500 квадратни метри, девет нивоа со вкупна површина од шест илјади квадратни метри се наменети за излагање на веројатно најзначајната колекција на современа уметност од Африка и дијаспората. Музејскиот простор е надополнет со 18 образовни простори лоцирани на едно ниво, галерија за склуптури на отворено на подолниот кров, вклучително со ресторан и продавница. Сило Хотелот (Silo Hotel) е сместен во повисокиот дел на објектот.

Stanton-Williams-Cambridge-Judge-Business-School-ph-Hufton- Crow-19-1-e1524051685697

Центарот Сјамон Сеинсбури при Кембиџ Џаџ бизнис-школата во Кембриџ

Објектот е реализаран како приватно-јавно партнерство помеѓу В и А Ватерфронт (V&A Waterfront) и германскиот бизнисмен Јохен Зеитс (Jochen Zeitz). В и А Ватерфронт вложиле финансиски средства за изградба на објектот и потребната инфраструктура, додека г-динот Зеитс ја позајмил својата голема уметничка колекција за време на неговиот живот.

Образовниот центар во рамките на објектот бил основан за да ја објасни уметноста и ја направи достапна за децата и оние коишто сакаат да научат за ова преку образовни тури и работилници, но и преку партнерство со локална програма за вонучилишни активност со која се опфатени 284 деца во ризичната категорија на возраст од 6 до 18 години од девет училишта во Кејп Таун. Дополнителната настава се одвива во термини кога децата се изложени на највисок ризик со што тие се згрижени и заштитени, но истовремено се користи како можност да се промовира креативното размислување и претприемачкиот дух.

Со 400 илјади посетители и 10 илјади зачленети локални членови на музејот во првата година на своето постоење биле надминати сите појдовни очекувања. Се очекува дека големиот интерес на јавноста, покажаните успеси во првата година на постоење ќе придонесат за постигнување на оригиналните цели на проектот да се прослави и заштити индустриското наследство на објектот преку создавање на репер објект за непрофитна организација во рамките на обновата на В и А Ватерфронт делот на Кјеп Таун.

SW crop 1

За жирито, станува збор за реализација која „ги штиклира сите полиња во однос на одржливост, употреба од страна на заедницата, вклученост, пристапност и дури изгледа дека успеала да ја постигне тешко остварливата цел да се биде финансиски одржлива.  Фантастичен проект.“

SFC__Nursery_58-small

Центарот на заедницата Стори Филдс и градинката Едингтон во Кембриџ

И во минатото сме биле сведоци на проeкти коишто се истакнале преку својата иновативна пренамена на остатоците од индустријата како што се силосите за житарици, на пример, 19- катниот Комплекс за студентско домување Грунерлока (Grünerløka Studenthus) во Осло на ХРТБ аркитектер АС (HRTB Arkitekter AS), Руралната висококатница со висококвалитетни станови Сил(о)ета (Sil(o)houette) во Логтен (Løgtoen), Данска на Ц.Ф. Мулер архитектс (C.F.Møller Architects) со Кристиан Кралсен аркитектфирма (Christian Cralsen Arkitektfirma), 17-катниот комплекс на луксузни станови Сило (Silo) во Копенхаген од ЦОБЕ (COBE) и други. Сепак може да се каже дека новата Галерија за современа уметност Зеиц МОЦАА во Кејп Таун со својот смел пристап и катедралната експресивност на новосоздадениот атриумски простор, „исклесан“ од оригиналните цилиндри на бетонски силоси, создава нова појдовна точка за оценување на идните проекти од овој вид и заслужно е лауреат на овогодишната јубилејна, 60-та по ред, специјална награда на националното жири на Цивик Траст наградата за архитектура и изградена средина.

SFC__Nursery_58-small1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top