Насловна / Архитектура / Вухан повторно е во центарот на вниманието, но сега заради добра архитектура

Вухан повторно е во центарот на вниманието, но сега заради добра архитектура

Архитектонското студио Wutopia Lab го потпишува проектот за обнова на книжарницата за странски јазици Хубеи, која се наоѓа во градот Вухан, а чиј дизајн е инспириран од планински масиви. Триаголните фасадни сегменти што ги имитираат планините се затемнети во спектар на сина боја, создавајќи посебен ефект со осветлување во текот на ноќта.

Vuhan1
Зградата на книжарницата датира од 1980 година, и со текот на времето е изложена на серија сегментални промени за додавање на нови содржини, што резултира во збунувачки однос помеѓу ентериерот и врската со улицата. Погледнете како е тоа доведено во архитектонски ред.

Vuhan2
Првиот чекор за архитектите е да ја привлечат зградата кон нејзината оригинална бетонска конструкција, која потоа служела како празно платно за внатрешни аранжмани направени по мерка на една куќа на културата. Направен бил посебен потег на ниво на партерот каде е формирано ново застаклено приземје кое има функција да привлече минувачи и да оствари подобра врска со улицата.

Vuhan
“За почеток, ги отстранивме сите небезбедни екстензии, а потоа секој додаток од различни периоди го поврзавме во една целина. Нашиот тим реши да користи перфорирани алуминиумски панели за да создаде впечаток на ридови кои делуваат како позадина на дрвјата на улицата и го симболизираат новиот живот на книжарницата“, велат архитектите.
Шест-катната зграда, првично наменета за мешана употреба, сега располага со книжарница во центарот, додека околу неа се организираат мешани програмски уметности, ресторани и кафулиња.

Vuhan3
Бидејќи фасадата е изработена од делумно транспарентни алуминиумски панели и не дозволува светлината да навлезе, архитектите дошле до интересно решение. Имено, низ целиот средишен дел на објектот поминува стаклена инсертација во форма на превртена четиристрана пирамида, што овозможува навлегување на светлината во внатрешноста. Неговиот врв го пробива и таванот на подрумот за и во оваа зона да се обезбеди природна светлина.

Vuhan5
На секое ниво, “светлосен конус”, заедно со ескалаторот, ја зафаќа централната зона околу која се организираат содржините. Највисокиот дел од конусот станува рамна застаклена покривна површина на која можете да пешачите и да уживате во прекрасниот поглед на градот. На ова ниво има и кровна градина, како и библиотека со антички книги и сала за состаноци, пишува Dezeen.

Vuhan4
Навлегувањето на светлината од таванот овозможува мека светлина и многу удобна атмосфера за читање и престој во зградата, што значи дека архитектите биле во можност да ја реализираат идејата на вистински начин.
Во ентериерот на повисоките катови користени се темни сјајни површини, кои се во контраст со светло-белите финиши во подрумот, како и со поставените зелени sидови.

Vuhan6
“Почнувајќи од покривот сè до подрумот, имаме области под зеленило со различни димензии на секој кат. Тие минуваат низ зградата како зелена линија што претставува ехо на сјајна пирамида на светлина “, посочуваат архитектите.

Vuhan7

Vuhan8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top